Клиентите на најголемата банка на Русија Сбербанк во летниот период најмногу трошеле во Италија, а на второ место е Турција.
Во објавенто сооштение од Сбербанк се истакнува дека клиентите на банката во летниот период минатата (2017) година во странство потрошиле 141,2 милијарди рубљи (приближно 2,16 милијарди долари).
Во соопштението се вели дека земја во која трошеле најмногу пари руските туристи во летниот период минатата (2017) година со 8,5 милијарди рубљи е Италија и дека втора земја со 8,4 милијарди рубљи е Турција.
После Турција, земји во кои руските туристи трошеле најмногу редум следуваат Шпанија, Франција, Грција Германија, стои во соопштението и се додава дека најмногу пари по лице биле трошени во Монако.
Во истражувањето не биле пресметани трошоците за авионските билети.
Надлежни очекуваат Турција оваа година да ја посетат приближно 6 милиони руски туристи.
TRT










