СИРИЈА НАСПРОТИ ИЗРАЕЛ / ШОЈГУ : Русија на сириската армија и` ги испраќа системите С-300

0
440
Како што пренесуваат руските весници Известија, Нова Газета и други руски медиуми, Руската Федерација во рок од две недели на Сирија ќе и` испорача системи за против-воздушна одбрана на С-300.
Потврда за испорака на системот С-300 на сириската војска, како би ја зајакнала својата борбена способност, утринава ја даде  рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.
“Сириските вооружени сили ќе добијат модерни ракетни системи за С-300 за две недели, способни за пресретнување и истовремено да гаѓаат неколку цели во воздухот на повеќе од 250 километри”, изјавил генералот Шојгу.
Според него, системите значително ќе ги зајакнат борбените способности на сириската противвоздушна одбрана.
Како што пренесе Известија, рускиот министер потсети дека Русија 2013 ја прекина испораката на Сирија на системите С-300 на барање на Израел.
“Тогаш системите беа подготвени за испорака, а сириската армија беше обучена. Не ги испорачавме по барање на Израел. Но, ситуацијата сега се промени, и тоа не по наша вина “, изјавил рускиот министер за одбрана.
Тој додал дека командните единици на сириските единици за противпроектилска заштита исто така ќе бидат опремени со автоматизирани системи за контрола кои ќе им овозможат на овие системи да се поврзат со единствениот противвоздушен одбранбен систем.
ФОТО: Илустрација на автоматизираниот систем за контрола 73N6 Бајкал-1
Покрај тоа, шефот на Министерството за одбрана изјавил дека во околните области на Сирија и водите на Средоземното Море ќе има системи за електронска сателитска контрола, со цел да се уништат бродските радарски и комуникациски системи, како и оние во борбени авиони кои напаѓаат објекти на сириска територија.
Ова утро, Комерсант рано ги објави овие информации, осврнувајќи се на неговите извори во Министерството за одбрана. Според соговорникот на весникот , на овие мерки се одлучило заради соборувањето на рускиот авион Ил-20 на 17-ти септември.
Изворот пренесол дека С-300 би бил сериозен аргумент за израелските воздухопловни сили да ги прекинат нападите врз Сирија, а од друга страна, исто така, ќе ги заштити и руските војници.
Потсетуваме, Ил-20 исчезна од радарот на небото над Средоземното Море на брегот на Сирија вечерта на 17-ти септември. Тој бил застрелан од сириските системи за воздушна одбрана, што резултирало со смрт на 15 руски војници.
После екстензивните истраги три воени извори, руски, сириски и израелски, кое му ја предало документацијата на Москва, открија дека израелската страна е виновна за намерно доведување руски војници во смртоносна состојба.
Министерството за одбрана вчера соопшти дека Тел Авив намерно создаде опасна ситуација со тоа што руските авиони беа под огнот на сириската противвоздушна одбрана.
Бидејќи станува збор за многу деликатно доставување на напредни системи за одбрана, на социјалните мрежи се нагаѓа дека системите С-300 веќе се во Сирија и дека се пренесени за време на интензивни летови на руски воени авиони во текот на изминатите три дена. Две недели за кои зборува генералот Шојгу, веројатно е време-рок за распоредување на системот, нивна интеграција со други сириски системи и време за да станат оперативни за одбраната.