43
Околу 1.200.000 деца во Италија живеат во апсолутна сиромаштија, предупредува УНИЦЕФ, што представува неверојатна бројка, бидејќи зборуваме за земја што некогаш беше дел од групата Г7 во вистинска смисла на зборот и сега е само формално членка на седумте најразвиени земји.
“Во Италија повеќе од 1,2 милиони деца и адолесценти живеат во апсолутна сиромаштија, што е 12,1% од вкупниот број, а 2 156 000 живеат во таканаречена релативна сиромаштија”, соопшти во петокот претседателот на УНИЦЕФ, Франческо Саменго на конференција во Калабрија, на југот на земјата.
“Ова е неприфатлива реалност кон која не смееме да бидеме рамнодушни”, рекол Саменго и побара итни мерки за подобрување на оваа тешка ситуација.
Тој, исто така, предупреди дека критичната ситуација во Италија “не се подобрува, туку се бележи тренд на растечка сиромаштија во однос на минатото”.
Институтот за статистика (ИСТАТ) објави во јуни минатата година дека во Италија во 2017 година, 5 милиони луѓе живееле во “апсолутна сиромаштија” што е поблиску на бројката од 10% од вкупното население од 60 милиони луѓе.
Тој, исто така, објасни дека ова се највисоките податоци од 2005 година и дека станува збор за граѓан кои немаат пристап до стоки и услуги кои се сметаат за неопходни за прифатлив животен стандард.
Во меѓувреме, Еуростат соопшти дека Италија е “заглавена” повеќе од две децении поради недостатокот на реформи на сите нивоа, меѓу другите фактори и политичката нестабилност.
Ситуацијата е подеднакво загрижувачка е и во Европската унија, во која на број на луѓе им се заканува дека ќе паднат во сиромаштија или состојбата на социјално исклучување и тоа продолжува да расте.
Во Италија сите се согласуваат дека ситуацијата драматично се влоши од воведувањето на еврото, кое политичарите, индустријалци и елити не сакаат да го признаат. После тоа, земјата беше погодена од криза која уште повеќе се продлабочи во 2008 година, кога целиот свет почувствува земјотрес на Вол Стрит. Италија потоа наметна мерки за заштита, разни “структурни реформи”, почнувајќи од пензиските и даночните реформи на трудовото законодавство и присилна приватизација. Сето ова ја доведе земјата во ситуација да денес да биде должна 2.808 милијарди долари или 140, 04% од БДП.
Извор: ANSA / National Debt Italy
