Министерот за надворешни работи на Ирска, Симон Ковенеј, истакна дека во случај да не се постигне напредок во мировните преговори меѓу Палестина и Израел, можно е неговата земја да ја признае палестинската држава, јавува Anadolu Agency (AA).
Во рамки на посетата на палестинскиот министер за надворешни работи, Ријад ел Малики на Ирска, Ковенеј и Ел Малики одржаа заедничка прес-конференција во главниот град на Ирска, Даблин.
„Ние избравме само моментално да не ја признаваме палестинската држава, но ако продолжи безнадежноста околу напредокот на дијалогот, ќе бидеме принудени да го разгледаме овој наш избор поради многу отворени причини“, нагласи Ковенеј на прес-конференцијата.
Ковенеј подвлече дека во случај Ирска да ја признае палестинската држава, оваа нејзина одлука може да ја следат и други земји во Европа.
Тој рече дека неговата земја планира да започне иницијатива за повторно да се започне мировниот процес преку одржување на состанок во кој ќе учествуваат претставници на некои арапски и европски земји, како и претставници на Палестина.











