Швајцарскиот кантон Ст.Гален (St. Gallen) се изјасна за забрана на бурката

0
819
Речиси две третини од населението на Швајцарскиот кантон Сент Гален  – St. Gallen се изјасниле за “забрана на бурката” во јавниот простор, а соседниот кантон Тичино веќе во јули 2016 година на јавни места го забрани носењето на оваа облека што го покрива лицето.
Сите гласачи ќе бидат повикани да се изјаснат по прашањето за носење на бурката, веројатно следната година, на национално ниво.
Според швајцарскиот систем на директна демократија, гласачите во североисточниот кантон побарале зајакнување на законот како би се казнувало носење на облека која го покрива лицето во јавноста, бидејќи тоа “му се заканува на јавната безбедност”.
Во кантонот Ст. Гален, речиси 67 отсто од гласачите гласаа за забрана на бурка, според официјалните податоци пренесени од АФП.
Провинциската влада сега мора да ги спроведе резултатите од референдумот, на кој одзивот изнесувал 36 проценти, објави Ројтерс.
Гласачите се изјаснувале за текстот кој веќе го усвои регионалниот парламент, со поддршка на популистичката десница и центарот.
– Ќе биде казнето секое лице кое ќе биде тешко да се препознае бидејќи го покрива лицето во јавната сфера, и така јавната безбедност, општествениот и верскиот мир.
Фреди Фасел, социјалист задолжен за безбедноста и правдата во овој кантонот, предупредува дека одредбата е нејасна и особено не е јасно во кој случај жената која носи бурка претставува опасност.
– Казните за носење бурка може да бидат непредвидливи и произволни – предупреди Фасел.
Не постои закон кој го регулира ова прашање низ целата територија на Швајцарија, а владата смета дека носењето на бурката е во надлежност на кантонот.
Извор:(Vijesti / ФЕНА)