Министерството за надворешни работи на САД соопшти дека Вашингтон нема да се двоуми да воведе санкции за оние кои ја снабдуваат Северна Кореја со гориво, на тој начин предупредувајќи ја Русија неколку дена откако американската представничка во ОН ја обвини таа земја дека ги изигрува меѓународните санкции.
Портпаролката на Стејт департментот, Хедер Нејерт, рече дека Северна Кореја продолжува да ги избегнува санкциите на ОН, предупредувајќи дека земјите се обврзани да го спречат незаконското пренесување на гориво од танкер до танкер на отворено море.
Без оглед на државјанството
“САД нема да се двоумат да воведат санкции против кој било поединец, брод или компанија што поттикнува нелегални активности на Северна Кореја, без оглед на националноста”, рекла Нојер.
Од 2006 година, Советот за безбедност на ОН ги зајакна санкциите против Северна Кореја со цел да го натера Пјонгјанг да ги напушти своите програми за нуклеарни и балистички ракети.
Но, во последно време, Русија и САД не се согласуваат со овие санкции.
Русите ги кршат санкциите
Американскиот претставник Ники Хејл на итната седница на Советот за безбедност претходно оваа недела изјави дека Вашингтон има докази за екстензивно кршење на санкциите од страна на Русија.
Русија й помага на Северна Кореја незаконски да набави гориво преку претовар на отворено море од брод до брод и одби да ги протера од својата земја Севернокорејците кои Советот за безбедност ги стави на црната листа, истовремено обидувајќи се да ја скрие улогата на Русија во кршењето на санкциите во документите на ОН.
Русија негираше дека се обидувала да влијае на содржината на документите на ОН.
Оваа година, Вашингтон регистрираше 148 случаи на претовар на горива на отворено море, но не објави во колку случаи станувало збор за руски танкери.
Извор:cdm










