Терористички напад во Иран – Просаудиска група на воена парада убила 24 лица

0
421
Денес утринава во ирачкиот град Ахвазу, кој се наоѓа во југозападна провинција Хусестан по должината на границата со Ирак, спроведен беше терористички напад во кој единаесет лица загинаа, а 30 лица биле повредени.
Претходно беше објавено дека група неидентификувани лица отвориле оган врз учесниците во воената парада на Иранската револуционерна гарда. Агенцијата Тасним известува дека меѓу загинатите и еден новинар.
Локалниот официјален претставник Али Хосеин Хосеинзаде додал дека бројот на загинати најверојатно ќе се зголеми, бидејќи многу од повредените се во критична состојба.iran napad
Хосеинзаде, исто така, изјавил дека безбедносните сили успеале да убијат двајца милитанти, а двајца напаѓачи биле уапсени.
Иранските медиуми потврдија дека група вооружени мажи ја нападнаа воена парада што се одржа по повод почетокот на “Неделата на светата одбрана”, по повод одбележувањето на победата на иранскиот народ во војната што ја наметна ирачкиот режим, кој започна на 22 септември 1980 година.
Според очевидци, напаѓачите биле облечени во воени униформи на иранската армија. Двајца напаѓачи беа ликвидирани на самото место, а други двајца биле уапсени. Се верува дека во нападот можеби биле вклучени терористи од “Исламската држава”, но подоцна напаѓачите се поврзани со локалната сепаратистичка група Ал-Ахвази.
Иранската револуционерна гарда ја обвини терористичката група која ја подржува Саудиска Арабија.
Ahvaz Iran
Портпаролот на IRGC, генерал Рамезан Шариф, изјавил дека терористичкиот напад во иранскиот град Ахваз го извршиле членови на терористичката група со поддршка на Саудиска Арабија.
“Напаѓачите, ја нападнале и восјката и цивилите кои се собрале на место да ја гледаат парадата”, рече генерал Шариф.
Врвот на Иранската револуционерна гарда тврди дека не постои сомневање дека нападот бил извршен од страна на терористичка група финансирана од Ријад. Имено, Саудиска Арабија со години ги поддржува нивните сепаратистички аспирации за поддршка на милитантните арапски групи и организации во јужен Иран и сунитите во Балучистан.
Според извештаите на локалните медиуми, иранските безбедносни сили убиле повеќе напаѓачи, а парадите кои се оддржувале во други градови во Иран беа поминале мирно,
Нападите се поврзани со екстремистите на групата Ал-Ахвазија, која во повеќе наврати извршила напади врз цивилното население. Во 2017 година, милитантите од оваа група нападнаа конвој на патници во посета на области погодени од војната во Ирак.
Иранската агенција Ирна објави дека групата Ал-Ахвазија ја презела одговорност за нападот. Според последните податоци, 24 лица загинаа, а 53 беа повредени.
ВИДЕО – Моменти на напад и судирот со терористите во Ахваз.
[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=rg198u9y9o8[/embedyt]