40
Иранскиот претседател Хасан Рохани вети “страотен” одговор на Иран во врска со атентатот на воената парада во југозападниот дел на земјата, каде што најмалку 29 лица загинаа, вклучувајќи и цивили, за кои иранските власти ги обвинија САД и нејзините сојузници.
Во официјална порака со сочувство, иранскиот лидер ајатолахот Али Хаменеи изјавил дека атентатот е “продолжување на заговорот на владите во регионот, платеници на САД, кои се обидуваат да сеат несигурност во нивната драга земја”.
Нападот беше спроведен во атмосфера на силни тензии меѓу Иран и САД, кои во почетокот на ноември се подготвуваат да ги интензивираат економските санкции против Иран.
“Одговорот на Исламската Република за секоја закана ќе биде страшен”, истакнал Рохани во официјалното соопштение.
Нападот се случи во пресрет на заминувањето на Рохан во Њујорк на годишното Генерално собрание на Обединетите нации.
Целта на нападот во кој беа повредени уште 57 лица, а некои од нив сеуште се критично, беше бината каде што биле собрани иранските официјални лица како би ја следеле годишната церемонија на обележување на почетокот на Иранско-Ирачката војна (1980-1988).
Регрутираните терористи, ги обучува и плаќа странски режим

Иранското етничко-арапско опозициско движење, наречено Национален отпор на Ахваз, ја презеде одговорноста за нападот. Сите четворица напаѓачи биле убиени. Одговорноста ја презеде и Исламската држава, но ниту една група не даде докази за своите тврдења.
Иранскиот министер за надворешни работи, Мохамед Јавад Зариф, за нападот ги обвини терористите на Ахваз, кои ги регрутира и плаќа на странски режим. Зариф, исто така, изјавил дека терористите биле спонзорирани од земја во регионот и нивните американски господари.
Чуварите на револуцијата, иранска идеолошка армија, ги обвинија напаѓачите дека се поврзани со арапската сепаратистичка група поддржана од Саудиска Арабија.
Жени и деца, исто така, беа убиени во нападот, агенцијата ИРНА претходно ги објави зборовите на неименуван извор.
Обвинетите се “Тафкири”, односно Сунити
Видео снимка испратена до иранските медиуми покажува дека војниците паѓаат во земјата додека некој пука во нивна насока. Еден човек зема пушка и се крева додека жените и децата бегаат за да го спасат својот живот. Ова крвопролевање претставува голем удар за безбедноста на Иран, што е релативно стабилна држава во споредба со соседните арапски држави кои се борат против насилството од 2011 година.

Државната телевизија ги обвини “такфир елементите”, осврнувајќи се на сунитите. Терминот “тафкири” го користат муслиманите за оние што ги сметаат отпадници од вистинската вера.
Ахваз, градот во кој се случи нападот, е центарот на провинцијата Кузестан, богата со нафта, која беше сцена на арапски протести во мнозинството шиитски Иран.
Портпаролот на иранската армија, бригадниот генерал Аболфал Шекарчи, изјави за IRNA дека напаѓачите биле обучени во две држави од Заливот и биле поврзани со САД и Израел.
– Тие не се членови на ИД (Исламска држава) или други групи кои се борат против иранскиот исламски систем … туку тие се поврзани со САД и Мосад – рекол тој, осврнувајќи се на израелската разузнавачка агенција.
Иранската блокада на Персискиот Залив
Во последниве неколку недели, Иран предупреди дека ќе може да преземе воена акција во Персискиот Залив за да го блокира извозот на нафта од арапските земји и со тоа да се одмазди на санкциите на САД со цел да ја прекине иранската продажба на енергија.
Американскиот претседател Доналд Трамп во мај одлучи да ги повлече САД од договорот од 2015 година, што Техеран со светските сили се согласи да ја ограничи својата нуклеарна програма, за возврат за укинување на санкциите, кои Трамп се врати оваа година.
Иранскиот претседател Хасан Рохани му пораќал на Трамп дека нема да успее во борбата против Иран,како што не му пошло од рака ниту на поранешниот претседателот на Ирак Садам Хусеин, мислејќи притоа на војната помеѓу Ирак и Иран.
Тензиите меѓу Саудиска Арабија и Иран се влошија во изминатата година. Двете земји ги поддржуваат спротивставените страни во војните во Сирија и Јемен, како и ривалските партии во Ирак и Либан.
Нападот врз иранската армија е редок случај. Минатата година, во првиот смртен напад, за кој одговорноста ја перзеде исламската држава во ова земја, во Техеран беа убиени 18 лица во парламентот и мавзолејот на ајатолахот Хомеини, основачот и првиот врховен лидер на Исламската Република.
