Хилари Клинтон: Ја бранев демократијата во Русија и САД, и заради тоа ме тргнаа од патот

0
339
Во интервју за МСНБЦ, поранешната државна секретарка на САД, Хилари Клинтон, изјави дека на претседателските избори во 2016 година, Русија се обидувала да ја спречи нејзината победа, бидејќи таа била пречка за плановите на Москва да ја поткопаат американската демократија. Сега, според Хилари Клинтон, свесно или не, Трамп станал инструмент на рускиот лидер Владимир Путин.
Говорејќи за МСНБЦ, поранешната американска државна секретарка Хилари Клинтон истакнала: “Знаев дека Путин не беше особено задоволен со мене. Не затоа што дејствував како државен секретар, туку затоа што изразив загриженост во врска со начинот на кој изборите се одржаа во Русија во есента 2011 година. И тоа е јасно.
Знам дека е крајно сомнително заради масовните движења во која било земја на руската граница, ако овие движења би можеле да доведат до зголемување на демократијата и поблиски врски со Европската унија, како и можно членство во НАТО-алијансата. Се разбира, го знаев сето ово ова и разбирав. Но, повторно, верував дека тука нема ништо лично. Тоа не го разбрав сè додека не дојдоа сите документи и информации.
Мислев дека сето ова е нивна гледна точка, гледна точка на Русија, и дека рускиот обид да ги контролира ставовите на украинското раководство и како тие не можат да им дозволат на САД и Западна Европа да се доближат до руското соседство.
Сега сум заинтересирана да ја откријам оваа приказна. Впрочем, Русите и понатаму се мешаат во нашата демократија. Добро,не рекоа: “Хилари Клинтон не е и нема да стане претседател, заради тоа сите одиме дома”. Не, тие се обидуваат да влијаат на тоа како гледаме едни на други, како се поврзуваме. Дека влего во нашиот изборен систем, исто така, посочија и вработените кои работат за Трамп. Но, што ќе биде следното?
Според мое мислење, бев пречка за нивните планови да ја поткопаат нашата демократија. Мислам дека бев вознемирена заради нивните напори да воспостават уште поавторитарна моќ во Русија и да ги процесираат противниците на Путин, без разлика дали тие се представници на ЛГБТ заедница или претставници на медиумите. Мислам дека сакаа да ме тргнат од патот. Според мое мислење, вреди да се праша зошто сакаа да ме отстранат? Што се обидуваат да постигнат сега? Судејќи според она што го видовме, тие сè уште се обидуваат да ја заматуваат водата и преку социјалните мрежи сè уште се обидуваат да влијаат на умовите на луѓето.
Неодамна, имаше извештаи за десетици илјади роботи и брокери кои зборуваат за здравствено право. Тие се обидуваат да ги поткопаат нашите напори да им обезбедиме на луѓето здравствена заштита. Зошто? Бидејќи тие знаат дека ова ќе доведе до сериозни политички несогласувања во нашата земја.
Затоа, според мое мислење, јас сум само мал детал од овие загатки. И јас навистина верувам дека ќе можеме да добиеме повеќе информации за тоа како ме третираат и што сакаа да направам за да ме оттргнат од патот.
Да, очигледно тоа го правеа затоа што не бев избран за претседател. Но, тоа не беше сè. Веројатно почнаа долга игра. Не знам, свесно или несвесно, Трамп е алатка на Путин. Не знам. Но, јасно е дека Трамп игра дама, а Путин игра во тридимензионален шах. Путин има многу јасна идеја за тоа што сака да го постигне. Едно од првите места е неговата желба да ја поткопа демократијата, а за тоа се користи со пари, уцена и сите видови поттици да се обидат да ги потчинат на својата воља политичките и бизнис лидерите и да бидат дел од иднината што тој се обидува да ја создаде “.
Извор:logicno