НАЈТАЖНО ВИДЕО КОЕ ДЕНЕС ЌЕ ГО ВИДЕТЕ: Децата и пoстарите ги јадат овие работи за да преживеат

0
686
“Euronews” објави потресна приказна за жителите на селото Ал Машрада во областа Аслам во северниот дел на Јемен, каде владее многу глад, додека луѓето се принудени да јадат лисја.
Хуманитарната помош не доаѓа навреме во овие области, па несреќните луѓе се знаоѓаат како знаат и умеат за да преживеат.
Во блиската клиника, децата се третираат заради неухранетост. Седуммесечната Захра е една од нив. Нејзините родители немаат пари да го вратат детето на третман. Лекарите велат дека ако таа не добие помош скоро, таа и многу други деца може да умрат.
Поради сиромаштијата, многу родители немаат пари да купуваат храна, ниту да плаќаат за лекови.
Лошата инфраструктура и недостатокот на набавки се голем проблем за медицинскиот персонал во Аслам. Тие користат факели во вечерните часови кога во клиниката нема струја, и немаат доволно кислородни шишиња.
Јеменската војна е опишана од генералниот секретар на ОН Антонио Гутерес како “најлошата глобална хуманитарна криза”, бидејќи хуманитарната помош е потребна за околу три четвртини од населението во Јемен.
Војната меѓу коалицијата предводена од Саудиска Арабија и бунтовниците Хуси кои ги подржува Иран, влезе во третата година и доведе милиони луѓе да гладуваат и да се разболат од разни сериозни инфекции.
[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=daiTupfrGlE[/embedyt]