Комисијата за образование и развој на сојузната држава Тексас гласаше за одстранување од наставната програма на историски личности, како што се Хилари Клинтон, Хелен Келер и десетици други, објави Dallas News. Локалниот весник забележува дека со исклучување на Хилари Клинтон од историскиот дел на учителите ќе им се заштедува 30 минути вредно школско време.
Учениците од Тексас ќе потсетуваатна битката за Аламо, ама наскоро можат да заборават на Хилари Клинтон и Хелен Келер, пренесува Dallas News.
Тексашката образовна комисија во Тексас гласаше за “систематизација” на училишната програма. Меѓу промените што Комисијата ги бараше беше да се исклучат неколку историски личности од училишната програма, вклучувајќи ги Хилари Клинтон и Хелен Келер.
Како што е наведено во списокот, комисијата може да ја смени училишната програма до ноември, кога ќе се одржи финалното гласање.
Повереничката Барбара Каргил тврди дека исклучувањето од Клинтон и Келер го препорачале работни групи, а комисијата само дала согласност.
Кандидатот на републиканците на претседателските избори во 1964 година, Бери Голдвотер, исто така бил исфрлен од програмата. Работната група која организира училишен курикулум, исто така, препорачува отстранување на американскиот претседател Бил Грахам, но комисијата одлучи да го остави.
“Па зошто Клинтон, Келер и десетици други историски особи не успеаја да поминат?”, прашува Dallas News.
Авторот на статијата разговарал со двајца наставници и тие му рекле дека од образовна гледна точка сакал учениците да научат за толку многу историски личности што едноставно тие се изгубиле во “купот на датуми и имиња”, а училиштето престанало да изгледа како “вистинска студија”.
Работна група која се состои од 15 члена ги издвои сите историски луѓе за да одлучи за кои на ученици треба да им се предава, а за кои не.
Системот за елиминација беше релативно лесен. Работната група мораше да одговори на прашања како што се: “Дали ова лице е е заслужно за радикални промени?”, “Дали ова лице застапувало маргинализирана група?”, и други.
Од 20 можни поени, Келер освоила 7, а Хилари Клинтон само 5. Според работната група, со исклучување на Хилари Клинтон, наставниците ќе заштедат 30 минути од своите предавања и 40 минути од Келер, пишува Dallas News.
Хелен Келер (1880 – 1968) беше американски писателка и активистка. Од детството таа беше слепа и глуво, но сепак успеа да напише неколку романи и се бореше за правата на слепите и глувите луѓе.
Хилари Клинтон и нејзините (не) дела не треба посебно да се истакнуваат.
Извор:logicno.com










