40
Британскиот весник Економист пишува дека Косово е подготвено, ако Србија не ја признае, да се обедини со Албанија. Весникот, имено, ја пренесува изјавата на неименуван висок лидер на Косово, кој за “Економист” вели дека “секогаш постојат други опции”. Тој под ова мисли, објаснува Лондонскиот весник, дека ако Белград не ја признае независноста на покраината и го оневозможи членството во ОН, тогаш може да се одлучи за обединување со Албанија.
“Некои националисти во Србија, кои сфаќаат дека го изгубија Косово, би можеле да тоа го поздрават. Доколку постои “голема Албанија”, тогаш би можеле да бараат “голема Србија”, полагајќи право на српскиот дел на Босна, за што Милошевиќ се бореше “, шпекулира британскиот весник.
Весникот, исто така, оценува дека Белград и Приштина тешко можат да се договорат за размена на територии и отценува дека “промената на границите” по етнички линии нема да биде лесна.
Идејата за размена на делови од територијата на десетици илјади луѓе ги зголемува надежите и стравовите на Балканот и предизвикува политички превирања во самото Косово, пишува неделникот во Лондон.
“Ако Косово и Србија ги менуваат своите граници по етнички линии, тоа би значело голема и можеби дестабилизирачка промена за регионот”, се вели во текстот.
Тоа би значело, на пример, дека претседателот на Република Српска би можел да ги зајакне сопствените барања за независност, тврдејќи дека старите внатрешни граници на Југославија сега се повредени и дека ова може да се случи сега со границите на Босна, пишува Економист со проценката дека “тоа ќе донесе опасност од нова војна “.
ЕУ и САД, се потсетува во текстот, претходно ја одбија промената на границите на етничка основа, велејќи дека тоа ќе го дестабилизира регионот, но сега им дадоа зелено светло на косовскиот претседател Хашим Тачи и на српскиот претседател Александар Вучиќ за да видат дали тие можат да се договорат.
Лондонскиот весник исто така потсетува дека Вучиќ “сака гаранции дека Србија ќе добие членство во ЕУ ако станува збор за договор помеѓу Белград и Приштина” и оценува дека ЕУ не може да даде такво ветување “, пишува Economist.
