Поради зголемениот притисок од Европската централна банка (ЕЦБ), најголемата германска банка, Дојче банк, има намера да го повлече имот во вредност од 450 милијарди долари, објави британскиот весник Фајненшал тајмс.
“Фајненшел тајмс” соопшти дека барањето на најголемата германска банка да ги повлече средствата од територијата на Обединетото Кралство Европската централна банка го објаснува со фактот дека лондонската филијала на Дојче банк мора да работи според критериумите пропишани за филијали кои се наоѓаат во земји надвор од Европската унија.
Според британската листа, имотот на Дојче банк во Лондон изнесува околу 600 милијарди евра. Значи, Дојче банк ќе мора да го намали својот капитал во Велика Британија за 75%.
Претходно, Германија и Австрија побараа да не се дозволи таканаречен “цвртс Брексит”.
Потсетуваме дека на почетокот на август Лондон го предупреди Брисел дека ќе ја напушти Европската унија без договор.










