На фотографијa направена на истокот од Сирија, која наводно ја објави американската армија, забележано е француско воено возило, пренесуваат извори, што потенцијално го отвара прашањето за магнитудата на француското учество во сириската војна. Дека Париз ги поддржува анти-владините борци не е тајна, но евемтуалното воено присуство на теренот никогаш не било потврдено (иако за истото постојано се шпекулираше уште од почетокот на војната).
Возилото за кое станува збор потсетува на француското воено возило Aravis. Сликата е маправена во областа на источната сириска провинција Деир Еззор за време на операцијата на американската коалиција против ИСИЛ.
Ваквиот детал прв бил забележан од страна на францускиот новинар Васим Наср од телевизијата Франција 24, велејќи дека истата беше објавена и на социјалните медиуми во средината на минатата недела од страна на американската коалиција што дејствува на територијата на Сирија и Ирак. Притоа наведувајќи дека истата за кратко била одстранета.
[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=JINluxsbjOA[/embedyt]
“Ова е дефинитивно француско возило, ознаките се јасни. Единствено француската и саудиска војска имаат такви возила, а нема индикации дека саудиските сили се присутни на просторот во Деир Еззор”, порачал францускиот новинар.
Извори:Франција 24 | newsweek.com | RT








