„Air Albania“ го изврши првиот лет: Во Истанбул отпатуваа 80 успешни студенти

0
846

ТИРАНА (AA) – Албанската национална авиокомпанија „Ер Албанија“ (Air Albania), која е основана во партнерство со турската авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ (Turkish Airlines), денес го изврши првиот лет на релација Тирана – Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA).

Од меѓународниот аеродром „Мајка Тереза“ во Тирана, со првиот лет „Ер Албанија“ денеска за Истанбул полетаа 80 успешни албански студенти.

На испраќањето на првиот авион на аеродромот присуствуваа премиерот на Албанија, Еди Рама, амбасадорот на Турција во оваа земја, Мурат Ахмет Јорук, бројни министри и функционери.

Премиерот Рама во обраќањето на аеродромот го изрази своето задоволство од фактот што со првиот лет за Истанбул отпатувале успешни студенти.

„Тоа е симболичен лет. Вакви летови ќе имаме уште во текот на месецот“, рече Рама.

Со свечена церемонија одржана синоќа во Тирана, Албанија ја доби својата прва и национална авиокомпанија „Ер Албанија“, која е основана во партнерство со турската авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“. Оваа компанија ќе работи со патнички и транспортен превоз.