СИРИЈА: Дали Русија и Иран попуштија пред Ердоган, или ова е затишје пред бура ?

by Administrator
Судејќи според извештаите од Сирија, офанзивата кампања во провинциите Идлиб и Хама, која се подготвува повеќе од еден месец, е одложена и покрај значајната концентрација на моќ и воена технологија во клучните сектори на фронтот. Главната причина е неможноста на Русија и Иран за сите прашања за демилитаризација на регионот да се договорат со Турција.
На неодамнешниот состанок, претседателите на Русија, Иран и Турција не само што разговараа за уставните промени во Сирија, туку и за ситуацијата во провинцијата Идлиб. Како пренесуваат медиумите, а се забележало и за време на седницата која организирана да и овозможи на јавноста во живо да ја следи дебатат на тројцата лидери, поврзано околу Идлиб не можело да се постигне договор и подоцна немало пресврт во преговорите.
Турција засега нема да се откаже од своите ставови и има намера да ја брани својата контрола врз северозападна Сирија со сила. Има дури и индикации дека Анкара неформално ќе ја анектира оваа сириска покраина, а подоцна порача дека ќе се повлече од Сирија само кога целосно ќе биде решен проблемот на Курдските сили на ЈПГ со што проблемот на Идлиб го поврза со проблемот на северна Сирија каде се наоѓаат американските трупи.
Во текот на изминатите две недели, турскиот штаб од јужната провинција Хатај во сириската провинција Идлиб и Хама испрати најмалку два големи конвои со воена опрема и војници. Ако Турција претходно знаеше да испрати во Сирија да испрати колони од неколку десетици камиони и воени возила, сега испрати стотици. Првиот конвој имаше повеќе од 200 различни воени возила и опрема, а другиот околу 300.
Во исто време, го зајакнува снабдувањето со оружје на умерените борци кои водат борба против режимот на Асад и радикални исламистички групи, што е работа која ја вршат турските тајни служби.
ФОТО: Архива, зона за де-ескалирање на конфликтот во Сирија
Бројот на турските војници во Сирија значително се зголеми во текот на изминатиот месец. Присуството на повеќе од илјада турски војници на сириска територија не може да се објасни со “зајакнување на места за набљудување во зоната на распоредување на конфликтот”. Имено, создадени се доста моќни артилериски и тенкови групи кои ќе ги опфатат милитантите од сите можни групи.
Заканата од директна вмешаност на турската војска во конфликтот го покренува прашањето за учеството на руските воздухопловни сили, без поддршка од руската авијација, сириските сили ќе биде тешко да започнат офанзива.
Што прави руското раководство во оваа тешка ситуација засега е нејасно, но сириските извори известуваат дека руските авиони во изминатите денови прекинаа со напади на милитантите во провинцијата Идлиб и се фокусираа на напади на преостанатите групи терористи “Исламската држава” во Сирија.
Сепак, сириското воено раководство не може да ги држи ударните сили без никакви дејства во клучните сектори на фронтот, и затоа ќе донесе одлука за започнување на офанзива во наредните недели. Покрај тоа, на Русија и е во интерес да ликвидира “терористичката енклава“ во Идлиб, бидејќи таму има голем број на милитанти од руско говорно подрачје од Северниот Кавказ и Централна Азија.
Борбата во провинцијата Идлиб, всушност, се водат секој ден, но без активна акција и од која било страна во конфликтот. Како опција се наведува дека офанзивата кампања ќе биде значително намалена и воените единици на Сирија ќе добијат повеќе локални задачи за да ја проверат реакцијата на милитантите и нивните спонзори во Турција и западните земји во тоа време.
Сириските власти веројатно нема да се откажат од сценариото дека воената моќ ќе го ослободи Идлиб од терористите. Ова  мислењето во четвртокот, на тркалезната маса за проблемите со сириската криза, го изразил Дмитриј Јегорченков, директор на Рускиот институт за стратегиски студии и предвидувања.
 Duma sirija
Според него, постојат три можни сценарија за понатамошен развој на настанот.
Првото е жестоко. Според него, сите опозициски и терористички групи во Идлиб треба да бидат уништени и да се контролираат покраината “, истакнал Јегеренченков. Сепак, оваа опција не се смета за веројатна.
“Сириската влада е свесна дека по ослободувањето на Идлиб оваа територија ќе влезе во рацете на Дамаск и на некој начин ќе изгради односи со неа. Во Дамаск, со ваквото сценарио не сакаат да извршат самоубиство “, изјавил експертот.
Како друга опција, експертот гледа разоружување на милитантите и нивната дистрибуција низ различни сириски региони каде што ќе добие статус на “опозициски сили”.
“Но, оваа одлука значи втор бран на антитерористичка војна, но потоа низ ширум Сирија, бидејќи никој не може да гарантира дека оние кои седум години се бореле против владата да се откажат од целите а кои се бореле претходно“, додал, додаде Дмитриј Јегоренченков.
Третата опција е бавен влез на војниците во Идлиб, кои од една страна ќе го следат она што со воениот речник се нарекува чистење, а од друга страна воспоставувањето и усогласувањето на хоризонталните внатрешни односи со племенските водачи и командантите не толку тврдолинијашки групи.
Што му оди во прилог на Асад?
Erdogan - Assad - Sirija - Turska - pregovori
И покрај тоа што западните медиуми покажуваат демонстрации против режимот во Џиср Ал Сугур, Идлиб, Сарбеб, Арихи и други места кои се одржуваат под знамињата на Слободната Сириска армија и помал број на знамиња на Исламската партија Туркестан, овие собири не се толку големи колку што треба во однос на бројот на жители во градовите и селата во кои се организирани. Досега, никој не направил сериозна анализа на демографските промени во регионот.
Пред војната, покраината имала 1,5 милиони жители, а сега е пријавено дека 3.500.000 луѓе живеат во Идлиб, вклучувајќи и десетици илјади милитанти, од кои 15.000 се во редот на тврдокорни групи со кои нема преговори. Дури и ако 3,5 милиони луѓе се претерана бројка, сѐ уште зборуваме за повеќе од 2 милиони луѓе.
По заминувањето на провладините ориврзаници и конвојот на стотици таканаречени “зелени автобуси”, ситуацијата во регионот се смени. Дури и оние што не ја поддржуваа централната власт, луѓето што останаа во Идлиб, не го поздравуваат присуството на бегалци и радикални милитанти на нивната територија.
Прво, тие им ги одземаат и онака слабо платените работни места, ја зголемуваат стапката на криминал и сега стануваат главен фактор за повторно отворање на непријателствата. Оваа ситуација оди на рака на Дамаск, бидејќи староседелците во Идлиб лесно можеа да се согласат со владата за процесот на помирување. Проблемот е што тие главно се цивили, а вооружените локални групи не можат да се спротивстават на борците на сириска Ал Каеда.
Најверојатно, ќе биде сиклуена опцијата “жестока сила” против сите вооружени групи. Во областа Идлиб ќе се влегува постепено. Од една страна, властите ќе преговараат со милитантите, а од друга страна разузнавачката заедница паралелно ќе го извршува својот дел од задачата.
Идлиб е клучниот регион на Сирија, кој остана во рацете на илегалните вооружени групи. Во 2017 година, имаше северна зона на де-ескалирачки конфликти и таму би можеле да останат милитанти со семејства кои одбија помирување и доброволно предавање на оружје. Според специјалниот претставник на Генералниот секретар на Обединетите нации за Сирија, Стефани де Мистури, во регионот има околу 10.000 милитанти на меѓународните терористички групи и сириската Ал-Каеда. Нив, исто така, може да им се придодата уште неколку илјади милитантни групи на Џаиш Ал-Изза, Нуредин Ал-Зенки и други кои за западните земји, Турција и Заливските монархии не се терористи.
Турција се обидува да ја осуети кампањата на сириската влада, ама општата офанзива во стилот на американската операција”“Poantom Fury” во ирачкиот град Фалуџа во 2004 година никогаш не била планирана.
Иако Турција за сириското прашање гради партнерство со Вашингтон и Западните канцеларии, Ердоган вчера изјави дека САД одлучиле “економски да ја убијат Турција”.
“Ние сме соочени со ужасен напад врз турската економија, и покрај бројните американски отфрлувања-негирања”, рече Ердоган, нарекувајќи го падот на националната валута во однос на доларот “обидот за економско убиство на Турција”.
Турската влада се обидува да ја стабилизира лирата, која падна за повеќе од 40 отсто во однос на американскиот долар само поради стравот од инвеститорите од турската политика на централната банка и споровите на Ердоган со Вашингтон.
Ердоган ги повика граѓаните да ги претворат своите заштеди во лири и побараа од приватниот сектор да не се откаже од производството и инвестициите.
Турската лира благо зајакна откако централната банка на земјата во четвртокот клучна каматна стапка ја подигна од 6,25 процентни поени на 24 проценти. Ердоган е жесток противник на зголемувањето на каматните стапки, а некои инвеститори во Турција стравуваат дека ќе почне да се меша и во работите на централната банка.
Добро е познато дека војните не се водат со празни државни ризници, па Дамаск, Русија и Иран треба да почекаат неколку недели за подобро, наместо да се повлекуваат избрзани чекори на бојното поле, без оглед на тоа колку ударните сили на сириската војска се “досадува“ на првата линија на фронтот.
Едно е сигурно. Кога беше доенсена одлуката за евакуација на терористите во Идлиб првпат по ослободувањето на Алепо, тоа секако не беше направено без план што ќе биде со нив, во моментот кога сите други области ќе бидат ослободни. Кога Русија и Иран ги отфрлија турските предлози во Техеран, Ердоган му предложил на Путин дека акцијата против Ал-Нусра во Идлиб да биде спроведена од страна на турската и руската армија, со помош на протурските групи во покраината. Ова беше одбиено од страна на Путин, а Москва сега ги смирува страстите и тврди дека офанзивата на Идлиб воопшто не е подготвена.
На сите им е јасно дека обновата на надзорот над провинцијата за Дамаск значеше крај на голем воен конфликт. Сириската влада не може да ја пропушти оваа можност. Русија денес соопшти дека не подготвува голема воена кампања во Идлиб, ама и овие зијави можеме да ги сватиме и како реторика за купување на време. Конечно, зарем единствено Дамаск и Москва во историјата на војната мораат да бидат искрени со новинарите? Нели Путин во повеќе наврати најави поголемо повлекување на големите руски сили од Сирија, а денес тој има најголеми поморски и воздухопловни сили за време на тригодишната интервенција. Значи ли тишината препуштање кон барањата и тврдењата од страна на Ердоган, или ова е затишје пред бурата? Одговорот на ова прашање нема долго да го чекате.

You may also like