На почетокот на оваа недела, уште еднаш имавме можност да сведочиме за “Американската исклучителност”. Советникот за национална безбедност на Трамп, Џон Болтон, Меѓународниот кривичен трибунал во Хаг го нарече “нелегитимен” и се закани дека Вашингтон ќе реагира ако судот продолжи да спроведува истраги против американски војници кои извршиле кривични дела, злочини и тортури во Авганистан.
Американците навистина имаат чудно разбирање на законот, особено кога станува збор за меѓународното право. На пример, Вашингтон сака да ја контролира “слободата на пловидба” на воени бродови низ Јужното Кинеско Море, на кое Кина и некои соседни земји полагаат раво, додека Соединетите Американски Држави не се потписнички на ниту еден документ кој би им дал право да одредат кој се смее и кој не смее плови таму. Неодамна, Вашингтон побара од Русија да им дозволи слободна пловидба на сите преку Северно поморскиот пат, територијални води на Русија, кој за половина пат го скратува водниот пат од Азија до главните пристаништа во северна Европа.
Меѓутоа, сега Меѓународниот кривичен трибунал во Хаг ги истражува американските војници кои, наводно, извршиле воени злосторства во Авганистан. Вашингтон, пак, се закани дека ќе го санкционира и ќе наметне забрана за патување на судиите и обвинителите “кои ќе се осмелуваат да преземат акција против граѓаните на САД, Израел и други сојузнички земји”.
Советникот за национална безбедност, Џон Болтон, исто така, им се заканил на вработените во Хашкиот трибунал дека на сите ќе и судат судови во САД.
“САД ќе ги искористат сите начини да ги заштитуваат нашите граѓани и нашите сојузници од нечесниот прогон на овој незаконски суд”, рекол Болтон.
Потсетуваме, во 2002 година, двата дома на американскиот конгрес го одобрија законот со кој се забрануваа американските власти да соработуваат со Трибуналот во Хаг, па дури и му дадоа на претседателот овластување “да ги искористи сите неопходни и соодветни мерки за итно ослободување на американски државјани или сојузници од притвор на МКС”. Значи, ако е потребно и со воени средства.
Денес, седумнаесет години по “9/11”, тоа би можело да се случи заради бројните злосторства извршени во Авганистан. Спорот меѓу Вашингтон и Хаг се јавува поради тоа што САД не сакаат да ги видат своите војници и разузнавачи на клупата на обвинети. Засега се знае дека ЦИА е одговорна за вршење на воени злосторства и мачење на најмалку 61 лице само во 2003 и 2004 година.
Кога ги слушнал информациите, Џон Болтон се вознемирил и хистерично се заканувал со санкции против судиите на МКС.
“Денес, на 11 септември, сакам да дадам јасна и недвосмислена порака во име на претседателот. САД ќе ги искористат сите средства за да ги заштитат нашите граѓани и нашите сојузници од неправедното гонење на овој незаконски суд “, изјавил Болтон во понеделникот во говорот пред федералниот сојуз, група влијателни американски конзервативци.
“Ние нема да соработуваме со МКС, нема да му помогнеме на МКС … Ние ќе му дозволиме на МКС да умре сам од себе. Впрочем, за намерите и целите за кои постоеше, МКС веќе е мртов за нас “, надополнил Болтон.
Потсетуваме, Хашкиот трибунал во 2016 година изјави дека членовите на американската армија и ЦИА можеби извршиле воени злосторства со мачење на затворениците во Авганистан.
МКС беше основана во 2002 година според Римскиот статут и е прв постојан суд во светот кој се занимава со воени злосторства, злосторства против човештвото и геноцид.
Болтон рече дека во случај на каква било истрага за наводните американски воени злосторства, администрацијата на Трамп ќе размисли за забрана за влез во судиите и обвинителите во земјата, ќе ги замрзне сите средства што американскиот финансиски систем може да ги добие и да ги прогонува во американските судови.
Џон Болтон изјави дека МКС не може да има повеќе овластувања од Уставот на САД и американскиот суверенитет.
“Во таа смисла, ние не ја признаваме пониската моќ, туку уставот на САД. Претседателот нема да дозволи американските граѓани да бидат обработени од странски бирократи и нема да дозволат другите земји да диктираат самоодбрана “, истакнал Болтон.
Ова беше првата гласна порака на Болтон од влегувањето во администрацијата на Трамп. Тој беше поранешен американски амбасадор во Обединетите нации за време на владеењето на Џорџ Буш, каде што се бореше против МКС во 2000 година.
“Меѓународниот кривичен суд представува напад врз уставните права на американскиот народ и суверенитетот на САД”, рече тој.
“Под претседателот Буш го следевме патот на глобалната дипломатска кампања за заштита на Американците од екстрадирање во МКС. Испреговаравме околу 100 обврзувачки билатерални договори за да спречиме други земји да испраќаат американски персонал во Меѓународниот кривичен трибунал во Хаг. Тоа останува едно од моите најимпресивни достигнувања “, рекол Болтон.
Болтон рече дека САД “нема да седат тивко ако МКС дојде до нив, Израел или други американски сојузници”.
По забелешките на Болтон, МКС изјави дека ќе продолжи со својата работа како независна и непристрасна институција поддржана од 123 земји.
“МКС, како суд, ќе продолжи да ја врши својата работа самостојно, во согласност со овие принципи и сеопфатната идеја за почитување на владеењето на правото”, се вели во соопштението.
Болтон, исто така, го најави затворањето на канцеларијата на Ослободителната организација на Палестина (ПЛО) во Вашингтон, заради обидот на Палестинците да ги истражи злосторствата на Израел за време на окупацијата на Палестина.
Говорот на советникот за национална безбедност беше проследен со аплауз од конзервативната публика.
Според судењето во Хаг, од почетокот на инвазијата на НАТО во Авганистан, во земјата се случиле 1.17 милиони воени злосторства. Пријавите за овие случаи беа документирани, а злосторствата не беа само групи како Талибанците и ИСИЛ, туку и авганистанските безбедносни сили и владините сили, припадниците на американската коалиција и странските и домашните разузнавачки агенции.
Врз основа на овие изјави, МКС треба да спроведе истраги за воени злосторства, иако е малку веројатно дека некој американски или сојузнички војник ќе биде во судот. Сепак, Авганистан е земја-потписничка на Римскиот статут, а обвинителот Фату Бенсуда нареди прелиминарна истрага минатата година, па резултатите од истрагата можат значително да влијаат врз статусот на контингентот на НАТО во азиската земја, а Џон Болтон тоа добро го знае.
Извор:logicno










