Иран ја заврши изградбата на постројките за изградба на напредни центрифуги за збогатување на ураниум, изјавил Али Акбар Салехи, шеф на Организацијата за нуклеарна енергија. Техеран се подготвува да го зголеми капацитетот за збогатување на ураниум доколку заради САД дојде до пропаѓање на нуклеарниот договор.
Тој посочи дека постројката е опремена со модерна опрема и ќе работи во согласност со упатствата на врховниот лидер на земјата Али Хамнеи.
Салехи истакнал дека отворањето на погонот за производство на ротор за центрифуга представува дел од Заедничкиот сеопфатен акционен план за решавање на иранскиот нуклеарен проблем.
Тој, исто така, истакнал дека Иран може да го прекине спроведувањето на некои нуклеарни обврски, вклучувајќи го и износот и нивото на збогатувањето на ураниумот, па дури и да се повлече од договорот ако економските барања на Иран не се исполнат целосно.
Во исто време, Салехи изразил надеж дека такво сценарио никогаш нема да дојде.
Но Акбар Салехи изјавил дека иранските експерти целосно го обновија нуклеарниот реактор во Техеран и дека Иран склучил договор со една од европските земји, со цел нејзино понатамошно проширување.
Во јуни, челникот на иранската организација за нуклеарна енергија изјавил дека фабриката во нуклеарната централа Натанз ќе биде завршена за еден месец.
Оваа изјава беше дадена неколку дена откако врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи изјави дека наредил подготовки за зголемување на капацитетот за збогатување на ураниум во земјата, ако пропадне нуклеарен договор со светот.
“Ајатолахот Хамнеи ни нареди да воспоставиме и комплетираме многу напредна модерна центрифугална постројка и сега таа е целосно опремена и подготвена за работа”, истакнал Салехи
Салехи ги објави плановите на Иран да изгради нуклеарни реактори за бродови, иако во границите утврдени со нуклеарен договор со светските сили.
“Напредуваме добро, но потребни се 10 до 15 години за да се заврши целата работа. Третиот чекор во реакцијата на американското повлекување од договорот може да биде надвор од некои ограничувања во рамките на нуклеарниот договор, на пример, обемот и нивото на збогатувањето на ураниум “, надополнил Салехи.
“И конечното сценарио може да биде целосно излегување од нуклеарниот договор,ама се надевам дека тоа никогаш нема да се случи со помош на преостанатите потписници, бидејќи сите ќе претрпат штета”, додал Салехи.
Иранските власти објавија дека ќе одлучат дали ќе го напуштат нуклеарниот договор во 2015 година, откако ќе го разгледаат европскиот пакет економски мерки што би можеле да помогнат да се компензира штетата од американските санкции.

ФОТО – Ирански постројки планирани за инспекција на меѓународни инспектори
Извор:logicno.com










