(Видео) Запален иранскиот конзулат во Ирак, се распламтуваат внатрешните конфликти меѓу шиитите

0
290

Вчера лутите демонстранти во ирачкиот пристанишен град Басра се вратија на улица како и продолжиле со протестите против корупцијата и лошите јавни услуги, пренесе Ројтерс.

Подсетуваме, протестите се одржуваат во време кога две фракции во Иран парламент се залагаат за собирање на мнозински коалиции и за формирање на новата влада. На прагот да добијат мнозинство на застапнички гласови се движењето на шиитскиот клерик Моктада Ач-Садра и партијата Фатех политичко крило на проиранската шиитска армија во Ирак која брои преку 10.000 борци.

Ситуацијата во Басра, и воопшто во целиот Ирак е катастрофална. Владините и регионални кацеларии,јавните служби речиси и не функционираат, на богатиот со нафта југ на земјата нема питка вода, а демонстрантите го блокирале и најголемото пристаниште за увоз на пченица и другите прехрамбени артикли од увоз, што предизвикува недостаток на храна.

Во четвртотко над стотици луѓе излегоа на улиците на Басра, каде ги запалија седиштето на локалната влада, на валдејачката партија ДАВА, врховниот совет и организацијата Бадр.
Некои од демонстратните ја запалиле и канцеларијата на милицијата Аша`иб Ахл ал-Хак, една од фракциите на шиитската Хашд Ал-Шааби армијата, какои канцелариите на движењето Хикма северно од Басра, а влегле и во домот на лидерот на покраинскиот совет.

Нападнити се и неколку други објекти на покраинската влада, вклучувајќи ја и канцеларијата на државната телевизија Ал-Иракија. Демонстрантите исто така го блокирале главните патишта и центарот на градот.

Во Басра безбедносните службеници прогласија полициски час од 10:30 часот по локално време, за да се обидат да задушат протестите. На почетокот било планиранот полицискиот час да се воведе во 15 часот.

Насилството доведе до судир со полицијата и еден демонстрант смртно настрадал од изгореници во текот на наредите, соопштија извори од ирачкото министерство за здравство и безбедност. Со тоа од почетокот на протестите во понеделникот бројот на мртви се зголеми на десет.

Ирачка војска за смртта на шесте демонстранти обвинила “неидентификувани полицајци“.
“Демонстрантите кои биле убиени вчера во центарот на Басра убиени се од непознати напаѓачи од автомобил“, изјавил воен командант во градот Џамил Ал-Шаммари.

Демонстрантите го блокирале и пристаништетот Ум Каср, главно за увоз на жито и останата роба во земјата.Извозот на нафта засега не е погоден.

Демонстрантите се жалат дека нивните региони со десетлетија страдаат од страна на централната влада, а произведуваат најголем дел од ирачкото нафтено богатство, што е точно.
Провокациите започнаа токму на денот кога новиот парламент на Ирак требаше да избере претседател, а шиитскиот клерик Моктада ал Садра бил уверен дека и без партијата Фатех има мнозинство. Меѓутоа во текот на денот се испоставило дека Хади Ал-Амири, заедно со поранешниот премиер Малики и неколку други мали партии и неименуваните кои пребегнале од движењето на Садр можат да формираат мнозинство и влада, заради тоа седницата е доложена за 15.септември

Моктада Ал-Садр го повика парламентот на оддржување на итна телевизиска седница како би разговарале за кризата во Басра, град за кој рекол дека е “без вода, електрична енергија и достоинство“.

Во чевртокот навечер напади имало и на силно утврдената Зеелена зона во Багдад, подрачје во кое се наоѓаат државните згради и институции и странските представништва, која била погодена со три минофрлачки проектили.

Нападот сеуште не предизвикал жртви или ранувања, бидејќи гранатите паднале на напуштена дел во внатрешноста на зелената зона, соопшти Ирачката армија.
Неименуван извор за Ројтерс изјави дека гранатите ја погодиле област во близина на Египетската амбасада. Ниту една група не презеде одговорност за нападот.
Напад на ирански конзулат
Вчера во Басра беше нападнат и иранскиот конзулат. Во текот на демонстрациите една група подметнала пожар во зградата на дипломатското представништво на Иран. тврди “Асошиетед прес”.
Демонстрантите сè почесто молотови коктели и ги палат владините згради и канцеларии на шиитската милиција во Басра, исто така шиитски град, ама и тврдина на клерикот Моктада Ал-Садра.

Протестите во Басра и во другите градови со нафта богат шиитски југ траат од јули,а се бара сузбивање на енденмската корупција, огромната невработеност и подобрување на работата на јавните служби. Барањата на демонстраните се апсолутно оправдани, ама времето на нивното оддржување и влегување во насилна фаза од понеделникот зборуваат дека зад сето тоа стои шиитскиот клерик Моктада Ал-Садр, која сака да го спречи доаѓањето на власт на представниците на Хади Ал-Амири.

Освен тоа, протестите ги поделија ирачките шиити, од кои едни се арапски националисти и сакаат што помали врски со Техеран, а другите повеќе од националната предани се на верската компонента и блиски се со Иран. Во време кога другата фракција на располагање има армија од 100.000 борци со тешка опрема, тенкови и борбени оклопни возила, ситуацијата може да ескалира до судири понеѓу двете спротивставени ирачки фракции.
Дел од демонстрантите во Басра во петокот навечер пред иранскиот конзулат извикувале антирански слогани, после што ја запалиле зградата.

Раширување на омраза помеѓу ирачките шиити.

Дел од жителите на мнозинско шиитдкиот град ги обвинуваат политичките партии “дека Иран претерано се меша во ирачката политика“.

Портпаролот на иранското министесртво за надворешни работи Бахрам Касеми го осудил нападот на иранскиот конзулат во Басра и рекол дека никој од прерсоналот до сега не настрадал.

Тој додал дека нападот предизвикал значителна материјална штета на зградата на конзулатот и повика напаѓачите најстрого да се казнат.

Немири меѓу ирачаните на југот на земјата предизвика и Ројтерс, кога минатата недела објави лажна вест дека Иран во изминатите неколку месеци на Хашд Ал-Шааби армијата им дал балистички ракети со краток домет. Не е тешко да се замисли реакцијата на ирачките шиити кои не бараат да Ирак биде непријател со Иран, ама сакаат да ја оддржат независноста во донесувањето на одлуките кои се однесуваат на нивната земја.

Иран ги отфрли тврдењата на Ројтерс, и ширум Ирак не е забележана ниту една единица на армијата на ирачките шиити со ова иранско оружје. Техеран соопшти дека целта на ваквите неточни тврдења е да им наштетат на врските на Иран со неговите соседи.

Дури и ирачкото министерство за надворешни работи ја потври статијата објавена “без никави докази“, ама сепак, Ројтерс ја постигна својата цел.

Големиот ајатолах Али Ал-Систани бара без чекање и шпекулации веднаш под итно да се формира влада.

Како ќе се реши ситуацијата на југот на Ирак и институционалната криза, тешко е да се каже. Надеж за смирување на ситуацијата ја дал врховниот лидер на сите ирачкии шиити, големиот ајатолах Али Ал-Систани, кој има многу поголемо влијание и углед меѓу ирачките шиити од Моктада Ал Садра.

Ајатолахот Али Ал-Систани повика на итно формирање на влада како би се решила кризата во Басра.

Во текот на петочната худба за време на џума-намаз, Али Ал-Систани предупредил дека протестите во Басра ќе продолжат се додека политичарите не успеат да ги решат грижите на луѓето заради контаминираната вода и прекинот со електрична енергија.

Изјави дека “неуспехот на ирачките политичари во последните години предизвика бес кај луѓето во Басра, така да овој пат владата мора да биде формирана на новите стандари и создадена од стручни лица“.

Парламентарците се очекува анскоро да бидат свикани на посебна седница посветена на кризата во Басра, а застапниците на 15 септември би требало да изберат влада.

Моктада Ал-Садр изјави дека е императив владини службеници и премиерот Хаидер Ал-Абади да присуствуваат на вонредната седница или нека поднесат оставка.

“Нема да бидеме бескорисни и предупредени сте, бидете подготвени“, изјавил клерик кој минатата година водел противладина кампања.

Абади за кратко после тоа порачал дека е подготвен на учествува на денешната седница.

Како што истакнуваат самите демонстранти, ситуацијата во Басра неподнослива веќе 16 години, заради тоа одржувањето на насилни протести, со групи кои палат канцеларии на проирански партии и милиции, со што се ризикува судир меѓу ирачките шиити, можеби има врски со корупцијата и јавните услуги, ама вистинската причина е многу посериозна и доволно е само да се запрашате на кого таа му оди во корист?