ЕРДОГАН: Турција не може да ги исполни незаконските барања на Америка

0
752

Турција не може да ги исполни “незаконските барања” на САД во врска со сегашниот случај на уапсениот американски свештеник Ендру Бренсон, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Според турскиот весник Хуријет, Ердоган изјавил дека Турција ќе го почитува владеењето на правото, а САД нема ништо да постигнат со заканите, пренесе Ројтерс.
Главниот дипломатски спор меѓу Турција и САД се должи на случајот на свештеникот Бренсон кој беше уапсен во Турција под сомнение дека е поврзан со терористите.