Авион на лет од Дубаи за Њујорк ставен под карантин

by Administrator

Авион од Емиратите на лет од Дубаи на аеродромот Џон Ф. Кенеди во Њујорк ставен бил во карантин откако на неколку патници, наводно им се слошило.


Авион на “Fly Emirates” на лет со број 203 од Дубаи пристигнал во средата во 8.50 часот, а пилотот изразил загриженост поради десетици патници кои имале зголемена температура и кашлица, наведуваат локалните извештаи.

Авионот беше пречекан од страна на аеродромската полиција и Центарот за контрола на болести и превенција (ЦДЦ) во зоната за проверка на патници.
Авионот не бил упатен кон терминалот бидејќи екипите на итна медцинска помош ги испитуваат причините за болеста.

Додека причината за болеста е сеуште непозната, извори запознаени со ситуацијата на теренот веруваат дека проблемот може да биде поврзан со храната.
Сепак, сомнежите можат да се променат врз основа на новите информации обезбедени од страна на Центарот за контрола на болести и превенција, извести Спутник.
Извор: Фена

You may also like