Претставник на владејачката израелска партија Ликуд, Анат Барко, претставила нацрт-закон кој ќе казнува секој кој јавно во внатрепните граници на Израел ќе го истакне палестинското знаме.
Барко изјавила дека законот, кој на есен ќе биде упатен на отчитување во Кнесетот, израелскиот парламент, ќе казни на една година затвор за секој кој јавно ќе го прикаже палестинското знаме или “други непријатели” на Израел во границите на државата.
Од Ликуд потврдиле дека нацрт-законот ужива целосна поддршка од партијата. Барко истакна дека владата вети дека ќе го усвои законот откако ќе добие поддршка од коалициските партнери.
Барко додаде дека законот ќе го вклучи принципот на реципроцитет, односно дека знамињата на сите земји кои забрануваат употреба на израелското знаме ќе бидат забранети.
Извор:(Global CIR)










