ЦЕЛИОТ СВЕТ ГО ОЧЕКУВА РАСПЛЕТОТ НА СИТУАЦИЈАТА ВО ИДЛИБ: Турција префрлува воена техника на границата со Сирија, следната недела самит Русија-Иран

by Administrator

Турција се спротивставува на воената операција во Идлиб, стравувајќи од нов бран бегалци кои ќе се упатат кон нејзините граници во случај на сириска офанзива, пренесе Дојче веле, со предупредување дека заради речиси три милиони цивили во областа Идлиб, хуманитарните организации се соочуваат со нова хуманитарна катастрофа .

На крајот на неделата треба да се одржи самит за Сирија, кој ќе ги вклучува Русија и Иран, на страната на владата, Башар ал-Асад и Турција, како заштитник на сириската опозиција. Набљудувачите очекуваат дека судбината на Идлиб може да се реши на тој самит. Во исто време, турската армија ја префрла техниката кон сириската граница во покраината Килис, стравувајќи од нов бран бегалци поради можна воена операција во сирискиот Идлиб, објави Хуријет. Преку Килис, во правец на населбата Елбејли на сириската граница утринава тргнале осум транспортни средства кои пренесувале тенкови и хауници, пишува “Хуријет”.

Според информациите од воените извори на весникот, трансферот на техниката се врши во рамките на безбедносните мерки против групата дислоцирана на сириската страна на границата. Тенковите М-60 беа испратени како дел од планот за спречување нов бран бегалци што турските власти очекуваат во случај на офанзива од сириските владини сили во Идлиб.

Како што е соопштено, Турција, исто така, го проширува кампот за бегалци Атма на сириската страна на границата и ги зајакнува своите 12 точки на набљудување за да ја контролира де-ескалираната зона во Идлиб пред можните воени операции во регионот. Територијата Идлиб практично во овој момент не е под контрола на сириските владини сили. Постојат одредени групи покрај опозицијата, вриврзаници на ИСИЛ кои периодично ги напаѓаат позициите на сириските сили.
Министерството за надворешни работи на Русија претходно соопшти дека никој не сака да изврши операција што може да резултира со голем број жртви. Руските новински агенции РИА Новости и Интерфакс објавија дека Лавров, во говорот пред студентите во Москва, изјавил дека “ситуацијата во сириската бунтовничка провинција Идлиб не може да се толерира на неодредено време”.

Францускиот претседател Емануел Макрон смета дека неговиот руски колега, Владимир Путин, фантазира да “ја расформира Европската унија”, спри што на Запад е раширено мислењето дека Путин ја “урива Европа“поттикнувајќи ја миграцијата од Блискиот Исток.

На крајот на неделата треба да се одржи самит за Сирија, кој ќе ги вклучува Русија и Иран, на страната на владата, на Башар ал-Асад и Турција, како заштитник на сириската опозиција. Набљудувачите очекуваат дека судбината на Идлиб може да се реши на тој самит.

You may also like