Интерен документ на ОН е протече во јавноста – и во него се тврди дека, како што велат медиумите, ОН нема да учествува во помагањето на воено разурнатата Сирија, додека не се случи “политичка транзиција”. Интересно е да се напомене дека ОН јавно ги негираше ваквите тврдења, но овој интерен документ сега сугерира поинаку.
“Тајната директива” на ОН вчера ја објави рускиот дневен весник Комерсант. Станува збор за документ од две страници од октомври 2017 година. Во документот се наведува дека ОН ќе биде подготвена да учествува во обновувањето на Сирија “само откако ќе се случи вистинска и инклузивна политичка транзиција од страна на сите страни”. Згора на тоа, тој дел од текстот е посебно е нагласен.
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, го коментираше контроверзниот документ и истакнал дека за првпат се сомневаат дека таквите директиви може да постојат кога УНЕСКО ја отфрли руската жалба за помош за реставрација на делумно уништениот споменик на античкиот град Пальмира под контрола на ИСИЛ.
Извештаите на Комерсант велат дека документот го состави поранешниот американски дипломат Џефри Фелтман, кој во моментов работи како секретар на генералниот секретар на ОН за политички прашања.
Извори:Комерсант | RT









