Саудиска Арабија ја потврди својата намера да ископа канал во Персискиот Залив, непосредно на границата со Катар, што ќе го соседниот емират ќе го излорира од копното и претвори во островска држава, изјавил на својата Твитер страна советикот во кралството на Саудиска Арабија од рангот на министер, Сауд Ал-Кахтани.
„Како граѓанин на кралството, се радувам со деталите за напердокот на проектот на изградба на канал. Ова е најголем историски проект кој ќе ја промени географијата на регионот“, изјавил Сауд Ал – Катани.
Саудиска Арабија објави тендер за изградба на канал во вредност од 746 милиони долари, долг 60 километри на исток од земјата. Победникот на тендерот ќе биде објавен дури овој месец.
Имплементацијата на проектот треба да трае една година. Проектираната ширина на каналот е 200, а длабочината е од 15 до 20 метри. Каналот ќе биде ископан на растојание од еден до пет километри од официјалната граница со Катар.
Останатото земјиште може да се обезбеди за потребите на Министерството за одбрана на Саудиска Арабија и граничната полиција за да се обезбеди безбедноста на земјата. На бреговите на каналите, би се изградиле хотели и санаториуми, вили, места за јахти, и спортски и рекреативни објекти. На брегот на каналот се предвидува изградба на три поморски пристаништа кои би можеле да примат големи бродови за крстарење.
Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Египет на 5 јуни 2017 го објавија прекинот на дипломатските односи со Катар, обвинувајќи ја Доха дека го поддржува тероризмот и се меша во нивните внатрешни работи. Потоа, “Арапската четворка” воведе економски санкции и транспортна блокада на Катар.
Гореспоменатите земји го затворија воздушниот простор за авионите на Катар.
Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Египет поднесоа ултиматум на Катар со листа на барања што Доха ги смета за несоодветни и повика на ревизија на тие барања. Листата бара намалување на дипломатските односи со Иран, затворање на телевизискиот канал Ал Џезира и крај на воената соработка со Турција, што Доха го отфрли.












