Белата куќа ќе обезбеди финансиска помош за земјоделците, кои страдаат заради воведените царини, а дел од парите ќе одат за помош на гладните.
Министерството за земјоделство во САД објави дека администрацијата на Трамп на почетокот на септември ќе започне да им помага на американските земјоделци кои страдаат заради воведувањето на царините. Се работи за распределба на 6 милијарди долари, од вкупно планирани 12 милијарди долари.

4,7 милијарди долари ќе им бидат дадени на производителите на пченка, памук, млечни производи, свинско месо, соја и пченица. Освен тоа, Министерството ќе ги откупи нивните земјоделските производи во вредност од 1,2 милијарди долари. Средствата исто така ќе бидат распределени на социјалните фондови за да им помогнат на гладните.
200 милиони долари ќе бидат искористени за помош на фармерите за пристап до странските пазари.

“Претседателот ме убеди дека нашите земјоделци нема на себе да го преземат ударот од воведувањето на царините”, изјавил американскиот министер за земјоделство, Сони Пердју, додавајќи дека помошта може да биде суспендирана веќе утре доколку Кина и другите земји го променат своето однесување.
Потсетуваме: кон крајот на јули, американската влада соопшти дека ќе им помогне на земјоделците настрадани во “трговска војна” меѓу Вашингтон и Пекинг. Според The ​​Wall Street Journal, Белата куќа веќе неколку месеци бара неколку начини да им помогне на земјоделците преку Министерството за земјоделство. Програмата за помош би требало да вклучи итна материјална помош, програма за соработка во пласирањето производи и стимулирање на трговијата.

Американските медиуми веќе објавија дека земјоделците се жалат на сериозни загуби, кои се проценуваат на милијарди долари. Се вели дека дури 300.000 производители од 30 американски држави ќе имаат загуби поради падот на цените на соја, пченка и др. по започнувањето на трговскиот конфликт меѓу САД и Кина. Кина, како контра-одговор на американските царини во износ од 50 милијарди долари, воведе противцарини во иста вредност, меѓу другото, на житни земјоделски производи (пченка, соја). Американското здружение за соја (ASA), кое ги претставува интересите на 300.000 земјоделци, тврди дека производителите во 2018 година, ќе добијат 6 милијарди долари помалку од една година порано. Според експертите, вкупните загуби на земјоделскиот сектор може да изнесуваат дури 14 милијарди долари (инфо: Фокс њус).

САД извезуваат околу една третина од производство на соја. ASA тврди дека минатата година, 60 отсто од кинескиот увоз на соја биле поврзани со онаа на САД. Кина е најголемиот светски увозник на соја, а минатата година увезе 95,5 милиони тони на оваа житна култура, главно од САД и Бразил. Тоа е околу 7 пати повеќе од износот на соја од домашно кинеско производство.

Покрај тоа, Кина во мај објави дека има намера да го зголеми производството на соја, за што нејзините земјоделци ќе добијат дополнителни поттици од владата во Пекинг. Затоа, дури и во случај на стабилизирање на ситуацијата во Вашингтон-Пекинг, несомнено ќе има штета на американските извозници на соја, поради очекуваното зголемување на кинеското производство на ова жито како резултат на санкциите.
Трговските војни секогаш биле “меч со две острици”. А најизразито тоа е сега, кога во светот се појавија такви американски конкуренти како Кина.

Извор:geopolitikanwes