Асад одбил саудиски милијарди – Услов за помошта, да се откаже од Иран и Хезболах

0
637

Сирискиот претседател Башар ал-Асад го отфрлил предлогот на Саудиска Арабија да ги прекине односите со Иран и Хезболах, изјави либанскиот парламентарец Наваф Ал Мусави.
Заменик-лидерот на Хезболах во либанскиот парламент, Наваф Ал Мусави, тоа го изјавил во вторникот во интервју за локалната телевизија Ал Мајјден.

Според тврдењето на либанскиот представник, пред три месеци му рекол заменик, делегатот на саудискиот принц Мухамед бин Салман кој го испратил својот пратеник во Дамаск, кој на сирискиот претседател, му ја пренесол пораката од Ријад.
Саудијците на Башар ал Асад му предложиле дек ќе инвестираат милијарди долари во обновата на Сирија и ќе ја поддржат неговото останување на претседателската функција, под услов Дамаск да ги прекине сите врски со владата на Иран и либанско движење за отпорот на Хезболах.

Ал-Мусави за Ал Мајаден изјавил дека “е смешно што предлогот на Саудискиот принц доаѓа во време кога сириската армија и нејзините сојузници веќе направија големи чекори за чистење на земјата од присуство на вооружени и терористички групи”.
Отфрлањето на саудискиот предлог од страна на Башар ал-Асад повеќето фракции во либанскиот парламент, ја гледаат како одлучност на сирискиот претседател да остане “на патот кон отпорот во регионот”, како што Хезболах и сојузниците ги нарекуваат заеднички напори во борбата против израелскиот експанзионизам и американскиот империјализам.

Одбивањето на предлогот на принцот Мухамед бин Салман сепак е радикална промена во ставот на Саудиска Арабија во врска сирискиот конфликт, бидејќи Ријад бил еден од главните актери во агресијата на Сирија од првите денови и секогаш се спротивставувал на какво било сценарио за иднината на арапската република со Башар ал Асад на власт.
Претходно, Саудиска Арабија дури и се закани дека ќе ја нападне Сирија ако Вашингтон го побара тоа.

По седумгодишен конфликт, сириската армија, со поддршката на руската армија, Хезболах и иранските воени советници, успеа да ги победи и изнуди повеќе од 90 отсто од територијата што претходно ја држеа одредени воени група. Одредени воени групи моментно ја држат провинцијата Идлиб и тесната област на северниот дел од провинцијата Алепо.
Се разбира, овие статистики не вклучуваат области кои се во моментов под воена власт што ги поседуваат сириските Курди, на кои Саудиска Арабија минатата недела им вети 100 милиони долари помош за реконструкција на североисточниот дел на провинцијата Хасака.

Сепак, знак прашање е дали Курдите ќе ги прифати тие пари, со оглед на тоа што во изминатите неколку недели се случи раскол во курдските фракции во северна Сирија, од кои една страна се залага за продолжување на соработката со САД, а прагматичното крило бара во преговорите со Дамаск да се обезбедат најповолни услови за идната форма на курдска автономија во обединета Сирија. Логично е дека Ријад се обидува да влијае на одлуките на курдското раководство, за кое саудискиот власт смета дека се единствената сила способна да доведе до сериозен отпор на сириската армија и влада, кои нивната “помош” не ја сакаат.