Веднаш откако турскиот претседател Ердоган објави дека Турција ќе ги бојкотира американските електронски производи и ќе наметне огромни санкции за високо-бараните стоки од САД во Турција, САД испратиле 250 камиони полни со оружје на Курдите во северниот дел на Сирија.
Таканаречената “коалиција за борба против исламската држава” предводена од САД вчера испрати повеќе од 250 камиони полни со оружје за Курдите во подрачјата на долината на Еуфрат во Сирија.
Возила на американската коалиција достави оружје во источниот дел на сириската провинција Деир Ез-Зор, потврди добро информиран извор, на т.н. Сириска опсерваторија за човекови права (SOHR), лоцирана во близина на Лондон.
Официјалното оружје им било предадено на т.н. сириски демократски сили, иако во тоа подрачје активни се само силите на ЈПГ Курдите.
Вашингтон тврди дека испораката на оружје за СДФ била спроведена само со цел борба против ИСИЛ, иако истото оружје во курдската полиција во Сирија беше искористено за да го забави напредокот на сириската армија кон позициите на бунтовниците.
Оваа масовна испорака доаѓа во пресрет на конфликтот со Турција и по почетокот на проширувањето на американската воена база и аеродромот во северна Сирија, објави SOHR.
САД доставија 120 камиони со тешко оружје и оклопни возила на Курдите кои дејствуваат во Деир Ез-Зора.
Во понеделникот, SOHR објави дека “коалицијата” проширува три американски бази во североисточна и северозападна Сирија, а околу 150 камиони транспортирале опрема и оружје во базата Ал-Шадади во сириската провинција Хасака.
Овие проширувања се совпаѓаат со значителни победи против терористите и вооружените групи во централниот и јужниот дел на земјата, каде што сириската армија и сојузници во голема мера завршија воени активности и се подготвуваат за големи операции за ослободување во северна Сирија, каде што Дамаск сака да ги уништи сите бунтовнички групи.
Зајакнувањето на американското воено присуство во Сирија е спротивно на изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп на почетокот од годината, кој рече дека “посакува што побрзо да ги повлече американските сили од Сирија”.
Од своја страна, Дамаск потврди дека овие дејства се инвазија на нивната територија од страна на странските сили, особено САД, кои сириските власти го обвинуваат дека се обидуваат да ја продолжат кризата што започна во 2011 година, и дека нивната крајна цел е да ја уништат Сирија.
Анкара сé уште не одговори на вчерашното доставување на американското оружје на сириските Курди, но неодамна турскиот претседател Ердоган изјави дека оваа “непријателска практика на лажни сојузници трае долго време” и дека на Курдите им се испорачани 5.000 камиони и 2.000 воени авиони полни со оружје, иако САД знаат дека ЈПГ е гранка на Курдистанската работничка партија од Турција, која исто така е на листата на терористички организации и во САД.
Извор:Logicno.com











