Американскиот претседател Доналд Трамп го потпиша Законот за одбранбена политика вреден 716 милијарди долари, објави АП.
Новиот закон предвидува зголемување на платите во САД за 2,6 отсто, што е најголем пораст во последните девет години, објави агенцијата.
Законот, исто така, ќе му дозволи на Трамп да ги укине санкциите за државите што купиле руско оружје, а сега сакаат да се опремат со американско оружје.
Трамп законот го потпиша на церемонијата во американската воена база Форт Таум, 400 километри северозападно од Њујорк, во присуство на илјадници американски војници, прнесува Индекс.цом.
“Овој закон е најважната инвестиција во нашата армија, во нашите борци, во модерната историја”, изјавил Трамп и продолжил:
“Благодарение на него ќе ги замениме застарените тенкови, авиони и бродови со најсовремена и најсмртоносна технологија што некогаш се развивала. Се надеваме дека ќе бидеме толку силни што никогаш нема да мораме да го користиме ова оружје, но ако мораме да го искористиме, никој нема да има никакви шанси “.
Трамп, исто така, зборувал за “американската доминација во универзумот”, и истакнал дека космосот станал “домен за војна, како во воздухот, земјата и морето”.
Новиот закон дозволува купување на 77 нови модерни авиони Ф-35, нов носач на авиони и други борбени бродови, како и модернизација на нуклеарниот арсенал, соопшти Белата куќа.
President Trump signs bill named for Sen. McCain, doesn't mention him. https://t.co/2OnqxxYcrL
— The Associated Press (@AP) August 14, 2018
Законот опфаќа трошење за фискалната година 2019 година, која започнува на 1 октомври.
Законот не ја спомнува “армијата на вселената” што претходно беше споменато од Трамп, ама се издвоени пари за воена парада во Вашингтон во ноември.
Агенцијата тврди дека Трамп во својот говор не го спомнал сенаторот Џон Мекејн, по кого овој закон е именуван.











