Во градови ширум Шведска запалени 97 автомобили

by Administrator

Најмалку 97 автомобили се запалени во неколку шведски градови, јави агенцијата Анадолу (АА).

Шведската државна телевизија СВТ објави дека најмалку 80 автомобили биле запалени во градот Гетеборг, во квартовите Фролунда и Хјалбо, во кварт во главниот град по име Скархалмен седум, во Упсала шест и два во Малме и Хелсингборг.
Шефот на полицијата во Гетеборг, Клаес Далстром, изјавил дека поради големиот број на возила, биле ангажирани неколку полициски и противпожарни бригади.
Далстром додал дека во случаите на палење немало повредени, а дека автомобилите биле запалени од страна на маскирани млади луѓе. Тој, исто така, истакна дека во овие случаи започната е истрага.

Шведскиот премиер Стефан Лофвен, кој изрази жалење, исто така го објави своето соопштение. Обраќајќи им се на сторителите, тој рекол:
– Вие ја запаливте својата иднина, иднината на вашето семејство и соседите. Граѓаните мора да реагираат и да не дозволат такви настани да се случуваат – рекол Лофвен.
Тој истакна дека е можно да станува збор за организирани напади.

You may also like