Натпреварот помеѓу третата етапа на Европската лига помеѓу Штурм од Грац и АЕК Ларнака беше прекинат откако со шише во главата беше погоден помошниот судија.
Помошниот судија Фредрик Кливер беше погоден во главата и остана да лежи на трева а главниот судија одлучи да го прекине натпреварот.
Според извештаите од Австрија, сторителот бил уапсен, а Штурм им се извинил на судиите, гостите и нивните поддржувачи со порака дека таквото однесување е неприфатливо.









