1
Полициската станица од Струга, презема мерки за пронаоѓање на лице кое вчера во 16:40 часот, управувајќи скутер во водите на Охридското Езеро, кај населбата „Езерски лозја“, го повредило 50-годишниот Р.Д. од струшкото село Ливада.
– Повредениот Р.Д. пливал на оддалеченост од околу 500 метри од брегот кај населбата „Езерски лозја“, кога бил удрен од скутер, по што возачот на скутерот веднаш заминал и не му пружил помош на повредениот. Истиот, од друго лице бил пренесен во Општата болница во Струга, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: Ohridpress/СВР Охрид фото: архива
