Американскиот геолошки завод соопшти дека земјотрес со јачина од седум степени по Рихтер во неделата го погоди индонезискиот остров Ломбок. Локалните власти предупредуваат на ризикот од цунами.
Геолошкиот заво на Соединетите Американски Држави соопшти дека земјотресот бил со јачина од седум степени и неговиот епицентар бил на околу два километри југоисточно од Лолан, на длабочина од 10,5 километри.
Претходно, на 29 јули, Ломбок беше подгоден од земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала, кога загинаа 16 лица.
Како и туристичката дестинација на Бали, Ломбок е познат по своите недопрени плажи и планини. Хотелите и други објекти на двете локации не смеат да ја надминат висината на кокосовите дрвја.
Извор:Faktor










