Епидемија на ебола во Конго, 33 мртви

by Administrator

Во источниот дел на Конго починале 33 лица загинаа, за кои се верува дека биле заболени од Ебола, соопшти Министерството за Здравство на Конго.
Досега, идентификувани се 879 лица кои имале контакт со пациенти со ебола, потврдиле од Министерството, додавајќи дека следењето на овие контакти ќе биде тешко во тој дел од земјата поради движењето на населението и присуството на воени трупи.
Последната појава на епидемијата се случила само седум дена откако владата на Конго го прогласи крајот на епидемијата во северозападниот дел на Конго, каде што загинаа 33 лица.
Како и во западниот дел на Конго, здравствените власти планираат да испорачаат вакцини од производителот Мерк кои помогаат во спречување на ширењето на вирусот.

Извор:cdm

You may also like