Претседателот на САД Доналд Трамп денеска упати сериозна закана до иранскиот претседател преку социјалната мрежа Твитер, порачувајќи му дека доколку им се закануваат на САД, ќе следат последици.
-До претседателот на Иран, Рохани: Никогаш, никогаш немој да им се закануваш на САД, во спротивно ќе се страдаш од последици, со кои малкумина во историјата ги доживеале претходно. Ние повеќе не сме држава која ќе ги прифаќа вашите зборови на насилство и смрт. Внимавајте!, напиша Трамп на Твитер.
Иранската државна агенција ИРНА оцени дека денешното предупредување на американскиот претседател Доналд Трамп е само пасивна реакција.
ИРНА наведува дека твитот на Трамп, напишан со големи букви, е само имитација и копија на изјавите на министерот за надворешни работи на Иран, Џавад Зариф, кој претходно го предупреди Западот никогаш да не му се заканува на Иран.
Рохани пак вчера рече дека Американците мора добро да разберат дека мирот со Иран е мајка на светскиот мир и дека војната со Иран е мајка на сите војни.
Иранскиот претседател го предупреди Трамп да прекине да се игра со опашката на лавот и да му се заканува на Иран. Во спротивно, рече Рохани, САД ќе зажалат.
Извор:НоваТВ












