В четврток, 26-ти јули,на платото пред центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга концерт ќе одржи ансамблот „Стефче Стојковски“ со пријателите, во рамки на манифестацијата „Музички корени 2018“.
Почетокот на концертот е во 19:30 часот, а е поддржан и од Министерство за култура на Република Македонија.
Стефче Стојковски е роден 1972 година во Скопје. Неговиот дедо и татко долгогодишни членови на традиционални фолклорни ансамбли, му ја пренеле љубовта кон народните инструменти. На седумгодишна возраст почнува да свири на кавал, а на девет ја има првата аудио снимка.
Во 90-тите години се вработува во МРТВ во националниот оркестар за професионални ангажмани.
Од тогаш се закитува со називот независен музички артист и инструктор.
Неговата долгогодишна кариера го води низ целиот свет ( Австралија, САД, Канада, Јапонија, Кина, Тајван, Русија, Турција, Шпанија, Италија, Франција, Шведска, Белгија, како и во сите поранешни југословенски држави.
Во 1997 година го остварува својот сон и формира свој Ансамбл на народни инструменти и песни „Стефче Стојковски”.
Досега има издадено седум албуми и еден видео материјал, а работи и на филмска музика. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
