Бран од 30 тони пластика, снимка која го шокираше светот

0
628

Глетките на пластика во океаните не се никаква новост, меѓутоа снимка од Карибите го шокираа светот. На неа се гледаат тони ѓубре на брегот на Доминиканската Република.
Невладината организација “Parley fot the Ocenas” објави снимка во која се наведува дека станува збор за околу 30 тони пластика во морето во близина на плажата Монтесинос, во главниот град Санто Доминго.

Во средата почнаа голема акција за чистење, а повеќе од 500 луѓе учествуваа во неа.
“Ова е потполно шокантно, но уште полошо е тоа што ова не е новина во Санто Доминго”, изјавила активистката Кармен Данае Чаморо.
Како што рекла таа, до ова доаѓа секогаш кога паѓа силен дожд, и како и тоа дека е важно да се зборува за овој проблем.