0
Холандската полиција пронајде 1.100 килограми кокаин во контејнер со замрзната риба од Еквадор.
Како пренесуваат медиумите, седум лица се уапсени под сомневање за шверц со дрога.
Се проценува дека уличната вредност на запленетата дрога изнесува околу 22 милиони евра. Инспекторите долго време ги следеа шверцерите и запленија брод за кокаин во Ротердам на 6-ти јули.
Полицијата ја следеше испораката на бродот до пристигнувањето во Зандам, во близина на Амстердам, и спроведија рација и ги уапсија осомничените во самото складиште.
