За време на археолошките ископувања во Нигде, во централна Турција, принајден пронајден храм од 2.100 години, кој датира од хеленистичкиот период.
Научниот тим на турски и италијански археолози на местото Киник, во близина на Језилутура, во провинцијата Нигед работи од 2011 година. Во оваа област пред околу две години, пронајден беше храм стар 2.500 години.
Шефот на истражувачкиот тим е Лоренцо Д’Алфонсо, кој додаде дека за време на долгогодишните истражувања, открил храмови од хеленистичките и персиските периоди.
Тој потсети дека во Киник пронашле храм стар околу 2.500 години.
“Во подножјето на подрачјето каде го најдовме храмот, продолживме со ископувањата и пронајдовме друг храм од 2.400 години кој датира од хеленистичкиот период. Се претпоставува дека во Кини од 30 години пред новата ера не постои никаков град ниту населба. Тука најдовме фрагменти од скулптури на бик направени од керамика “, додал Д’Алфонсо.
Шефот на одделот за култура и туризам на Нигде, Басри Акдемир, рече дека истражувањето влегува во осмата година.
“Истражувањата продолжуваат континуирано од година во година. Овие истражувања, кои ги предводи тимот на челосо професорот Лоренцо Д’Алфонсо, се однесуваат на населбите за време на железното време и хеленистичкиот период. Музејот во Нигде е побогат за 207 подвижни културни наследства откриени во текот на истражувањето од 2011 година “, изјавил Д’Алфонсо.











