Венецуела своето злато наместо во Швајцарија го рафинира во Турција

0
1650

Министерот за рударство на Венецуела Виктор Кано истакна дека венецуелската Централна банка рафинирањето на златото кое што поради меѓународните санкции кои што се спроведуваат против неговата земја не сака да го врши во Швајцарија го врши во Турција.

Кано на одржаната конференција за претставниците на печатот по ова прашање рече: „Тоа претставува постигнат дговор помеѓу Централните банки на Турција и Венецуела.“

Венецуелскиот министер за рударство Виктор Кано продолжи со следните зборови: „Порано процесот на сертификација се реализираше во Швајцарија, веќе не. Овој процес веќе се врши во сојузничките земји.“

Кано додаде дека златото кое се рафинира во Турција откако ќе биде вратено во Венецуела ќе биде заведено во портфолио средствата на Централната банка.

Извор:ТРТ