Камери снимиле напад: Маж пукал во Турска пекара во Германија

0
729

Пекарска продавница во градот Хеилброн, Германија, која е во сопственост на Турци, беше цел на вооружен напад, пренесе агенцијата Анадолу (АА).

Непознат човек денес во раните утрински часови пукал во пекарата “Стефанс”, чиј сопственик е Алпер Јилдирмаз, кој потекнува од Турција.
Нападот на пекарата бил забележан од безбедносни камери.

Атила Јилдирмаз, брат на сопственикот на пекарата, изјавил за АА дека за време на нападот не биле во пекарата.
– Полицијата ни кажа дека ова би можело да биде расистички напад. Името на пекарата е “Стефанс”, германско име. Меѓутоа, нашата продавачка покрај касата е покриена и заради тоа нападот можеби гп извршил некој расист – изјавил Јилдрмармаз.
Тој посочи дека немаат проблеми со никого, додавајќи дека пред 6 месеци во пекарата се случил грабеж.
На крајот, тој нагласил дека очекува случајот да биде што е можно побргу расветлен.