Британскиот премиерка Тереза Мај денес избегна пораз во парламентот, и покрај бунтот на некои пратеници од нејзината Конзервативната партија, бидејќи не е усвоен клучниот амандман на законот кој ја регулира трговијата после Брегзит.
Проевропските пратеници на конзервативците и опозициската Лабуристичка партија предложија амандман со кој се предвидува членство на Обединетото Кралство во Царинската унија на ЕУ во случај Лондон да не договори трговски договор со Брисел до јануари, соопшти Асошиетед прес.
За амандманот гласале 301 пратеник додека, а против биле 307.
Законот му дава на владата моќ да воспостави нови меѓународни трговски односи после излегувањето на Британија во ЕУ кон крајот на март 2019 година.
Ова е втора победа на Меј за два дена, бидејќи нејзината влада вчера избегна пораз во парламентот по повод друг закон.
Извор:(Vijesti / Бета)
