Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел е подготвен за “секое сценарио” во Појасот Газа.
“Ние сме во средината на битка која вклучува размена на оган и можам да ви кажам дека израелската армија е подготвена за секое сценарио”, изјавил Нетанјаху за време на воената инспекција придружуван од министерот за одбрана, Авигдор Либерман.
Запрашан дали сегашната тензија околу граничната ограда меѓу Газа и Израел може да се реши со невоени средства, Нетанјаху рекол дека израелската страна се движи во вистинската насока.
“Верувам дека ги преземаме вистинските чекори”, истакнал израелскиот премиер.
Потсетуваме, во саботата, со посредство на Египет, палестинските сили за отпорот и Израел постигнаа договор за прекин на огнот во Појасот Газа.
Палестинците од 30.март на границата со Израел и Појасот Газа организираат “Голем марш за враќање”. Од март, повеќе од 130 луѓе се убиени, а илјадници други беа ранети од израелска армија за време на палестинските протести против децениската израелска окупација и 11-годишната израелска блокада на палестинската територија.
Извор:(Vijesti/ AA)










