Израел собори руски, а не сириски дрон, – Русите ова го откриваат после посетата на Нетанјаху

0
512

Претходно оваа недела, израелската армија во близина на границата на окупираниот Голан собори беспилотно летало за кое командата на израелските сили соопшти дека му припаѓа на сириската армија. Како одговор на кршењето на воздушниот простор, уништени се три помали објекти за кои се тврди дека биле позиции на сириската армија, иако самиот Израел претходно објави дека сириските сили неовластено влегле во тампон-зоната на Голанската висоравнина и влегле во напуштените објекти на мисијата на Обединетите нации.
За овој наводно сириски напад со дронови во израелскиот воздушен простор и за воениот одговор на израелскиот режим веќе известивме , а снимките и фотографиите од соборувањето на беспилотното летало и израелските удари на три објекти на југот на Сирија можете да погледнете со отварање на линкото во овој пост на дбото на текстот.

По оваа акција, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху итно замина за Москва за да разговара со рускиот претседател Владимир Путин за иранското присуство во Сирија и да каже дека израелската армија ќе одговори на секој обид за кршење на суверенитетот на Израел, вклучувајќи ги и окупираните територии.
Меѓутоа изговорот за нападот врз сириските позиции, а Владимир Путин во тој момент сигурно ги имал овие информации, бил лажен и се покажа дека израелскиот режим комуникациската линија ја држи отворена само кога нив им одговара.
Имено, беспилотниот летало кое беше соборено на 11 јули, и чии остатоци паднаа на полето Барка, неколку десетина километри од окупираната Голанска висоравнина, беше руско, а не сириско.

Ruski dron bespilotnaФОТО: Руски беспилотни летала “Форпост”
Соборено беше руско извидничко Беспилотно летало “Форпост” кое спроведувало летови на надзор на линијата на арздвојување и позициите на одредени воени групи на Исламска Држава на југот на Сирија, која во овој момент во најголем дел преговара за начини и услови за предавање.
Рускиот извиднички дрон “Форпост” беше соборен на 11 јули од противракетен систем Патриот, бидејќи наводно влегол во пограничната зона меѓу Сирија и Израел.
Израелските воени власти не сакаат да коментираат за случајот и остануваат во приказната дека Дронот бил Сириски и дека одмаздата е легитимна. И покрај неколкуте слики што одредени милитантни групи ги пријавија на социјалните мрежи, радувајќи се заради соборувањето на дронот на “рускиот агресор“.
Овде, важно е да се каже дека Израел нагласи дека ја прашал руската страна: “Дали е ова нивни дрон?” Што беше лага. Имено, може да се очекува дека руски извидувачки дронови да навлезат на окупираната територија на окупираниот Голан, но тој бил соборен без никакви консултации со руската страна, а потоа бил извршен напад врз сириските позиции.

bespilotna forpostФОТО: Технички податоци за руски беспилотни летала “Форпост”
Но, има уште еден детаљ. Израелските сили веројатно биле свесни за тоа за какво летало станува збор, и ги користеа системите “Патриот”, со што само ја покажаа слабоста и паниката на израелските сили распоредени во Голан.
Во извештајот на израелската армија се вели: “ИДФ сé уште не успеа да свати која била целта на беспилотното летало во влегувањето во израелскиот простор, и за пресретнување биле испратени четири борбени авиони и два хеликоптери”.
Значи, дронот не бил сириски, меѓутоа за “опомена” гаѓани се позиции на сириската армија.Патем, количината на користената опремата, вклучувајќи ги и трошоците за летот, е импресивна. Таквите придружба немаат дури ни претседателски авиони, меѓутоа на израелските команданти, им се причинило дека во рускиот дрон лично летаат ајатолахот Хамнеи и лидерот на Хезболах, шеикот Хасан Насралах.
Големите очи се во страв. Би било интересно да се знае што Нетанјаху му кажал на Путин еден ден подоцна во разговорите во Москва, бидејќи рускиот лидер веројатно не ги премолчил сознанијата за припадноста на собореното летало што подоцна беше објавено од страна на руските медиуми.

dron oboren u IzraeluФОТО – Остатоци од рускиот дрон на полето Барка, соборено од страна на израелскиот систем “Патриот“

Извор: logicno.com