Во Египет откриена гробница со мумии

0
376

Египетските археолози објавија детали за древна погребна сала со мумии и работилница за балсамирање, откриени на длабочина од 30 метри, недалеку од некрополата Сакара, јужно од Каиро.
Археолозите се надеваат дека работилницата за балсамирање ќе открие нови сознанија за хемискиот состав на маслото што го користеле античките Египќани за да ги мумифицираат своите мртви.
Погребното окно, старо над 2000 години, потекнува од саитско-перисискиот период (26-тата династија) од 664.-404.пред Христ. Подземната сала со 33 мумии и камен саркофаг беше откриена во април оваа година.
“Ова откритие ќе ни помогне да ги идентификуваме видовите на масло кои се користеле во процесот на балсамирање и нивниот хемиски состав, и така ќе утврдиме за кој вид на масла станува збор”, изјавил Рамадан Бадри Хусеин, раководител на ископувањата.
Во внатрешноста на гробницата, биле пронајдени стотици мали предмети, како што се бокали и другите садови. Најважниот пронајден предмет е позлатената сребрена маска, другата таква која некогаш била откриена.
Оваа година се пронајдени цела низа артефакти од древниот Египет, вклучувајќи ја и гробницата на платото Гиза од 4400 година и некрополата во Мани, јужно од Каиро.

Извор:(Vijesti / Хина)