(Фото) Илјадници граѓани во Истанбул го одбележаа 15.јули Денот на демократијата и националното единство

by Administrator

Илјадници граѓани се собраа денес за да го одбележат 15-ти јули, Денот на демократијата и националното единство во Истанбул, на кој присуствувал и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
Во обраќањето кон собраните граѓани тој истакнал дека “во исто време во нашите срца чувствуваме длабока тага и голема гордост”.
– Аллах да биде милостив кон сите наши шехиди, кои на 15-ти јули напишаа епска победа над предавниците на ФЕТО и аги одбранија и нашите езани, знамето и независноста – рекол Ердоган.
Тој додаде дека победите не се сервираат на златен послужавник, туку се остваруваат со голема жртва.
Ердоган рекол дека 15 јули представува раѓање на турската нација, победата на храброста поради предавството и волјата на луѓето над предавниците.
– 15 јули е името на големата борба за демократија, која е напишана со златни букви во историјата на човештвото. Оваа борба и победа му припаѓаат на 81 милион луѓе во оваа земја – истакнал Ердоган.
Тој, исто така, рекол дека Турција и нејзиниот народ никогаш нема да го заборават 15-ти јули, ниту пријателите кои се молеле за нив, како и непријателите што беа на страната на терористите на ФЕТО.
– Никогаш нема да ги ставиме на исто равниште оние што нѐ поддржаа од првите моменти на обиди за државни удари кон нашата демократија и оние кои стоеја на страната на толпата. Како што рече рахметли Алија Изетбеговиќ : “Кога сето ќе помине, нема да се сеќаваме на зборовите на непријателот, туку на тишината на пријателите, поточно на оние што ги сметавме за пријатели”. Ова е многу важно. Ние никогаш нема да заборавиме кој обезбеди засолниште за пучистите кои бегаат од Турција. Отворено порачувам дека добро знаеме кој за што се залагаше и со кого соработувал – рекол Ердоган.
Истакнувајќи дека турските судски институции остро ги казнуваат луѓето и предавниците, Ердоган надополнил дека Турција му ги одсекла нозете на октопод монструм кое расте во строга тајност и завера во Пенсилванија.
– Се додека духот на оваа тло е жив духот на 15 јули, ниедна сила нема да може да ја запре Турција на нејзиниот пат – заклучил Ердоган.
Ширум Турција и во многу земји во светот денес, со различни собири и настани се слави втората годишнина од обидот за предавнички воен удар. Во Турција, овој ден е означен како Денот на демократијата и националното единство.
ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен спроведоа долгогодишна кампања за уривање на државата со инфилтрирање на турските институции, особено во армијата, полицијата и судството. На 15 јули 2016 година, оваа терористичка организација изврши обид за воен удар во Турција, во кој загинаа 251 лице, а околу 2.200 беа повредени.
Мостот на штитот на 15 јули, порано познат како мост во Босфор, во Истанбул беше еден од најбруталните напади врз луѓето на улиците што го спречија уривањето на државниот поредок.

Извор:faktor

You may also like