Новак Ѓоковиќ по голема борба која траеше два дена успеа да излезе како победник од полуфиналната пресметка со Рафаел Надал и да дојде до финалето на Вимблдон.
Ова за Ѓоковиќ ќе биде прво финале на најголемите турнири по 2016 година (Ју-Ес Опен), а можност да дојде до четвртиот пехар на грен слемот во Лондон.
-Тешко е да се одберат зборови. Минувам низ некои работи и „флешбекови“ веќе 15 месеци и се што минав за да можам да дојдам до ова, да победам ваков играч, можеби најдобриот на светот. Ова можеби е најдобриот меч што го имама одиграно, -рече Ноле и додаде:
-Мечот можеше да го добие и другата страна. Јасно е на сите дека не одвојуваат ситници. Верував, ама до самиот крај не знаев да ли ќе победам или не. Имаше и тој свои шанси.Ова се мечевите за кои работите, тренирате и живеете, -порача Ѓоковиќ коментирајќи го следниот меч, финалето со Кевин Андерсон.
-Се надевам ќе можеме двајцата да играме. Беше тешко за него, особено во последните мечеви, ама тој имаше еден одмор. Ама тоае што е, јас сум во финалето на Вимблдон и тоа е неверојатно, -заврши Џоковиќ.
MD










