Израелските војници во интервенција на мирните протести ранија 396 Палестинци на границата во Газа во рамките на “Големиот марш за враќање”.Портпаролот на Министерството за здравство во Газа Ашраф ал Кидра изјави дека меѓу повредените имало три жени и 13 малолетни лица.
Според него, 57 Палестинци биле ранети со муниција. Ал-Кидра претходно рече дека 22-годишниот Мухамед Џемал Абу Халима бил убиен за време на протестот.
Палестинците од 30 март, на границата на Израел и појасот Газа, го организираат “Големиот марш за враќање”. Израелските војници, од друга страна, користат боева муниција против цивилното население кое “бара враќање на територијата од која е протерано и укинување на опсадата на Газа воведена во 2006 година”.
Повеќе од 130 Палестинци загинаа, а повеќе од 14.000 беа повредени за време на израелските демонстрации. Меѓу загинатите Палестинци се двајца претставници на медиумите и двајца медицински работници.











