Израел го зајакнува военото присуство на окупираната Голанска висоравнина

0
384

Израел го зајакнува своето воено присуство на окупираните територии на Голанската висоравнина и вчера распореди дополнителни воени единици, тенкови и самоодни хаубици на демаркацијата со Сирија.
Израелските власти го предупредија Дамаск своите сили да ги држи подалеку од границата, додека сириските сили и понатаму продолжуваат да напредуваат во кампања на чистење области под контрола на терористички групи.

Во изјавата објавена вчера, израелската армија соопшти дека распоредила воени засилувања и артилерија во тоа подрачје, наведувајќи дека овој потег е резултат на одлуката донесена откако ја проценила ситуацијата во светло на настаните во сириската Голанска висоравнина.
Единиците на сириската армија успеаја да ослободат голем број градови и населби во јужниот и југозападниот дел од земјата од кои тие беа протерани или принудени да се предадат на терористичките групи.
“Израел ќе продолжи со својата политика на неинтервенирање во сирискиот конфликт”
Официјалната изјава на израелската армија вели: “Откако ја оценивме ситуацијата во Северната команда, беше одлучено да се зајакне 210-та дивизија на Голанската висоравнина со дополнителни оклопни и артилериски единици. ИДФ ќе ја продолжи својата политика на немешање во сирискиот конфликт, но цврсто ќе реагира на случаи во кои израелскиот суверенитет или цивили се загрозени. Израел сепак, доколку е потребно, ќе обезбеди хуманитарна помош за сириските цивили “.