За кратко време откако американскиот претседател Доналд Трамп на својот официјален профил на Твитер се пофали дека со еден телефонски повик до саудискиот крал Саламан го решил проблемот на превисоката цена на нафта, пристигна официјалното соопштение од Техеран, објави Блумберг.
Потврда за подготвеноста на саудискиот крал Салман со зголемувањето на производството на нафта влијае на пазарните цени на барелот го наруши неодамна воспоставениот примирје меѓу Иран и Саудиска Арабија, кои со години се натпреваруваат за поголемо влијание во организацијата ОПЕК.
Иранскиот претставник во ОПЕК, Хосеин Каземпур Ардебили, во разговорот со новинарите, потврдил дека подготвеноста на Саудиска Арабија на поголемо производството на нафта на останатите членки на ОПЕК може да се толкува само како “Саудиска желба да ја напушти организацијата”.
Имено, на минатонеделниот состанок на членовите на ОПЕК во Виена, Саудиска Арабија се согласи да го прилагоди своето производство на договор со други производители на нафта, така што оваа брза промена на политиката може да се користи само како прекршување на договорот.
“Не постои начин земјата да може да го зголеми производството на нафта за 2 милиони барели на ден, без да се смета дека е подготвена да излезе од договорот”, рече Ардебили.
Нивната разочараност за подготвеноста на Саудиска Арабија да влијае на нафтениот пазар сама по себе, била изразена и од други важни производители како Русија и Венецуела.
“Верувам дека Саудијците сакаат да го подтикнат на Трамп да биде уште построг кон Иран. Се чини дека промената на режимот во Иран е еден од водечките приоритети на саудиската политика во ова време – изјавил утринава Пјер Анаранд, меѓународен експерт за нафтениот пазар.
Извор: агенции











